Македонија

Изет Меџити го освои Чаир

Неофицијално, противкандидатот на Меџити, Бујхар Османи, го напуштил штабот на НАИ во Чаир и нема да даде изјава

Кандидатот на ВРЕДИ за општина Чаир, Изет Меџити, прогласи победа на локалните избори.

Тој рече дека не само Чаир победил на овие избори, туку и на сите Албанци.

Според ВРЕДИ, Изет Меџити победил со 14.077 гласа наспроти 10.862 освоени од Бујар Османи.

Меџити го спомена и Али Ахмети, за кого рече дека „му посакува победа во борбата за легитимитет во Општина Пласница“.

„Му посакувам победа во борбата за легитимитет на Али Ахмети во Општина Пласница. Во Чаир победија сите Албанци.

Со срце полно со гордост и благодарност, велам дека Албанците победија и една политичка класа се пензионираше.

Чаир ја одбрани својата чест и честа на Албанците. Тоа е победа на една политичка класа што донесе промени и продолжува за Чаир“.

„Нашите противници водеа празна кампања. Дури ни екстремизмот не помогна. Го молам Али Ахмети да поднесе оставка од политичката сцена. Албанците го одведоа во политичка пензија“, рече Меџити, како што пренесе Телеграфи.

Неофицијално, медиуми јавуваат дека противкандидатот на Меџити, Бујар Османи, го напуштил штабот на НАИ во Чаир и нема да даде изјава

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top