Македонија

Изнамувал „штала“: Обвинет и газдата на дискотеката “Пулс”

Јавното обвинителство до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки за претпазливост. Како соизвршител за -тешки дела против општата сигурност, Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка притив сопстевникот на „искотеката“ „Пулс во која во пожар прд две мсеци загинаа 62 главно млади, а стотина повредени се соочуват со долгогогодишно […]

Јавното обвинителство до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки за претпазливост.

Како соизвршител за -тешки дела против општата сигурност, Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка притив сопстевникот на „искотеката“ „Пулс во која во пожар прд две мсеци загинаа 62 главно млади, а стотина повредени се соочуват со долгогогодишно лекување од поврдите.

„Од дејствијата преземени во текот на досегашната постапка се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека осомничениот, како сопственик на недвижниот имот – објект во кој со години функционирала дискотеката, го издавал под закуп на еден од претходно осомничените. Без да поднесе барање и да добие одобрение за пренамена на објектот од надлежен орган, заеднички и во договор со осомничениот неформален сопственик на правното лице, тој на различни датуми и во повеќе наврати во временскиот период од 2012 година до месец март 2025 година преземал градежни активности со кои извршил и учествувал во незаконска пренамена на објектот од намена Г3 – сервиси и сообраќајна инфраструктура во намена Б3 – големи угостителски единици и овозможил во објектот незаконски да се врши угостителска дејност дискотека/ кабаре“, соопштија од Обвинителството.

 

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top