„Спроведувањето на оваа одлука е спречено, поради извршна постапка поврзана со долг наследен од 2016 година во вредност од околу 22 илјади и 700 евра. 1,4 милиони денари. Поради каматите и пресметките што се вршат од 2018 година, овој долг во моментот изнесува околу три милиони денари. Извршните постапки во Општина Струга се многубројни“, стои во соопштението на Општина Струга.
Од струшката локална самоуправа посочуваат дека како последица на активирањето на оваа постапка од надлежен извршител, градоначалникот е во комуникација со него и други засегнати страни „со цел овој процес да се заврши на начин кој ќе биде во интерес на граѓаните“.
„Овој случај е уште еден показател за тешката финансиска состојба која Општина Струга ја има наследено од претходните години. И покрај тоа, градоначалникот Ќура останува посветен на отворено управување со општинските финансии и на изнаоѓање решенија кои ќе бидат во корист на граѓаните“, се наведува во соопштението на Општина Струга.