Македонија

Јавен повик до општините за изработка на официјални веб-страници

Јавниот повик е во насока на унапредување на дигиталната инфраструктура и зголемување на транспарентноста и пристапноста на локалните самоуправи. Право на пријавување имаат сите општини и институции од јавниот сектор, без разлика на нивната големина, број на жители или моменталниот статус на нивната веб страница.

Министерството за дигитална трансформација објави јавен повик до единиците на локалната самоуправа и до институциите од јавниот сектор во Македонија за изработка на официјални веб-страници. Повикот, како што соопштуваат од министерството, е дел од иницијативата за дигитализација на локалната самоуправа, но и за подобрување на комуникацијата на јавниот сектор со граѓаните преку современи дигитални решенија.

  • „Јавниот повик е во насока на унапредување на дигиталната инфраструктура и зголемување на транспарентноста и пристапноста на локалните самоуправи. Право на пријавување имаат сите општини и институции од јавниот сектор, без разлика на нивната големина, број на жители или моменталниот статус на нивната веб страница“, соопшти министерството.

Пријавите, како што дополнуваат, може да се достават најдоцна до 31.12.2025 година.

  • „Пријавите ќе се обработуваат по принципот прв дојден прв услужен, сè  до пополнување на расположливиот број на општини и институции што можат да бидат опфатени. Министерството ќе ги известува пријавените општини и институции за статусот на нивната апликација“, се додава во соопштението.

Подетални информации министерстовто проследува на следниов линк.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

To top