Актерот Владо Јовановски гласно размислува за – присоединување на Македонија кон САД!
„А да станеме 51 сојузна држава на САД?
Се разбира како Македонија, без срамни и понижувачки додавки.
Со Македонски идентитет, за кој нема да се преговара со никого и никогаш.
На никого нема да му пречи официјален јазик да биде и Англискиот.
Особено не, на младите.
Македонците во соседните земји никој нема да ги асимилира.
Ќе биде престиж да се биде граѓанин на Сојузната Американска Држава Македонија, зашто тоа ќе значи да се има Американски пасош.
Македонските граѓани ќе патуваат без визи по целиот свет.
Ќе си бираме Гувернер. Ќе дојдат инвестиции…
Ќе имаме Американско законодавство.
Можеби ќе станеме и земја која има атомско оружје.
Се разбира дека копчињата од истите нема да бидат во рацете на некој црпнат.
Сите што сега не оспоруваат, ќе ни се плашат и ќе сакаат да имаат Македонско граѓанство.
А за го добијат ќе треба да поминат низ сито и решето.
Ќе се спасиме од срамни преговори и компромиси со ЕУ.
Ќе се создадат мнооогу можности…
Ова ми изгледа многу реално, потребно и возможно.
Да го искористиме времето додека е Трамп претседател на САД.
Тој има и храбтост и доволно “лудост”, да го направи ова.
За секогаш ќе ја смениме иднината на Македонија на подобро.
Ќе се спасиме од негации и асимилации..
Зошто да не???“, прашува Јовановски на Фејсбук.