Македонија

Како сега ќе функционира „Комунална хигиена“ без директор?!

Кривичниот суд вчера одреди притвор од 30 дена за директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Сабахудин Рустеми и за управителот за отпад во претпријатието. Обвинителството претходно побара притвор за двајцата поради сомненија за стореното кривично дело Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230, став 1 од Кривичниот законик.

Откако директорот на „Комунална хигиена“ поднесе оставка, останува отворено прашањето како јавното претпријатие ќе функционира без директор во наредните денови. Судот вчера на Рустеми и на раководител во јавното претпријатие им одреди 30-дневен притвор. Се гонат за загрозување на животната средина и природата со отпад.

Инаку, директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми, кој е во притвор за несобирањето на ѓубрето во Скопје, си поднел оставка од функцијата. Неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ синоќа по распитот во Кривичниот суд кажа дека Рустеми поднел оставка од морални причини.

Сега „Комунална хигиена“ нема директор и прашање е како ќе функционира претпријатието во наредните денови.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top