Македонија

Како звучи ,,Пајдушкото” од трудна американска пијанистка со кинеско потекло што живее во Германија во аранжман на Дамир Имери (ВИДЕО)

,,Бис” за паметење

Ви прикажуваме одлична изведба што се случи на отварањето на Охридско лето каде што присутните но и тие пред малите екрани можеа да го чујат ,,Пајдушкото” во изведба на американска пијанистка со кинеско потекло што живее во Германија.

Тоа што пијанистката Клер Хуангчи е во поодмината бременост само дополнително ја разубави првата вечер од Охридско лето каде оваа музичарка на бис со многу емоции го изведе македонското народно оро Пајдушкото во прекрасен аранжман на Дамир Имери.

 

Во саботата под мотото „Трансформација на сетилата“ вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид беше отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето беше со концертот на американската пијанистка Клер Хуангчи и Филхармонијата на Македонија, под диригентство на Едвин Аутвотер од САД. На програмата беа „Пајдушко” од Дамир Имери, симфониски танци од „Приказна од западната страна” од Леонард Бернштајн и „Рапсодија во сино” од Џорџ Гершвин.

 

Хуангчи е родена во Рочестер, Њујорк. На многу рана возраст започнува да учи пијано и во 1999 година е поканета да настапи во Белата куќа. Студирала со Гери Графман и Еленор Соколоф на Институтот „Куртис“, пред да се пресели во Хановер и да продолжи да студира со Ари Варди. Нејзината кариера започнува да оди во нагорна линија откако освојува високи награди на натпреварите АРД во Минхен, на натпреварот „Геза Анда“ и гран-при на Академијата за свирење и диригирање во Париз. Оттогаш често се јавува во двојна улога – како солист и диригент. Таа е амбасадор на издавачката куќа „Хенле“ и уметнички директор на серијата Камерни концерти во Ербах. Критиката вели дека „ ја одушевува публиката со нејзината виртуозност, уметнички сензибилитет, чувство за интеракција и суптилна драматургија“.

 

 

Еден ден пред отварањето Хуангчи и Аутвотер заедно со менаџментот на Охридско лето беа примени од претседателката Гордана Сиљановска Давкова која е покровител на манифестацијата и со својот говор ја прогласи за отворена.

 

Видео од изведбата

 

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Заветот од АСНОМ не’ обврза каква држава да создадеме

Дрржава не се гради само со демократските избори и со конституирањето на институциите, туку со градење на функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и со почитување на највисоките стандарди, не само на домашното туку и на меѓународното право, порача претседателката на Македонија

(Видео): Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, годинава ќе сме блиску до четири милиони патници, рече Николоски

Во периодот кога била избрана актуелната Влада, двата аеродрома годишно опслужувале околу два милиони патници, додека годинава се очекува бројката да надмине или да се приближи до четири милиони патници.

To top