Македонија

Каква е „судбината“ на 40 бензиски пумпи на „Лукоил“ во Македонија?

За дваесетина дена ќе биде позната судбината на зделката која ја најави руската компанија „Лукоил“ со меѓународниот трговец со стоки „Гунвор“ за продажба на oтранските средства

Исходот оваа зделка која треба да добие зелено светло од Одделот за контрола на странки имот (ОФАЦ) при американското Министерство за финансии, ќе се однесува и на имотот на „Лукоил“ во Македонија и на над 500 вработени колку што оваа компанија има во нашата земја, пишува „Независен“.

Од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, во врска со продажбата на „Лукоил Македонија“ како дел од компанијата мајка „Лукоиол“, за „Независен“ појаснуваат дека „Лукоил Интернешнл ГМБХ“ е основач и содружник заедно со „Литаско Са“ на „Лукоил Македонија“, како и дека македонската компанија учествува со 15 отсто во нафтениот пазар во земјава, поседува 40 бензински станици и има 550 вработени.

„’Лукоил Македонија’ се снабдува со нафтени деривати од рафинеријата во Бугарија“, велат од МЕРМС.

„Лукоил“ во Македонија е присутен веќе две децении и годинава го одбележува 20-годишниот јубилеј. На 20 февруари, компанијата ја отвори 40-та бензинска станица во земјава, во Гостивар.

Во изминатите пет години мрежата на бензински станици беше проширена за осум објекти.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

To top