Македонија

Каракачанов удри по Македонија додека го слави роденденот на Ванчо Михајлов

Ексминистерот за одбрана на Бугарија ги обвини „денешните тирани во Скопје“ за законски прогон на фашистичкиот соработник

Поранешниот вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, не заборави да ѝ се нафрли на Македонија и додека го слави роденденот на фашистичкиот соработник во Втората светска војна, Ванчо Михајлов, роден на денешен ден пред 130 години во штипско Ново Село.

„Стравот од него е толку силен што со децении, а и до ден денес, југословенските и сегашните северномакедонски власти сурово ги прогонуваат идеолошките следбеници на Иван Михајлов.

Властите во Скопје пред три години донесоа и посебен закон, со кој се забранува дури и споменувањето на неговото име и читањето на неговите дела. Но… тој што се плаши од нешто, умира од тоа.

Да се ​​прашаме колку од денешните политичари во Софија и во Скопје ќе заслужат место во престижни публикации како што е ‘Енциклопедија Британика’.

Но, за Иван Михајлов таа најде место на своите страници и во 1932 година го дефинираше како човекот од кого зависи мирот или војната на Балканот.

Духот и името на Иван Михајлов го победија кралскиот српски режим, ја победија Југославија и го надживеаја комунизмот во Бугарија.

Напорите на денешните тирани во Скопје да ја скршат бугарштината во Македонија се залудни, бидејќи не згаснува она што не се гаси и духот на слободата е бесмртен“, порача лидерот на ВМРО-БНД.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Македонија ги брани државните интереси достоинствено и со аргументи

Средбата беше можност за отворен и суштински разговор за стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, за продлабочување на политичкиот и економскиот дијалог, како и за прашањата од заеднички интерес за двете држави, оцени премиерот

(Фото): Македонскиот рубин да се заштити како дел од природното наследство на земјата

„Македонски рубин“ добива правна заштита, но и се отвора следната фаза – практична примена на заштитата и воспоставување систем кој ќе гарантира дека називот се користи само за производи што ги исполнуваат утврдените услови.

To top