Македонија

Кога би бил премиер, Каракачанов би ѝ ставил вето на Македонија додека на власт е Мицкоски

Поранешниот бугарски вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов на тамошната телевизија Бугарија он ер уште еднаш се произнесе за својата омилена тема „Македонија“, овојпат изразувајќи нескриен анимозитет кон претседателот на македонската Влада, Христијан Мицкоски. „Со оглед на политиката што (Владата на Македонија – н.з.) ја води за оцрнување и навредување на Бугарија, Бугарија мора […]

Поранешниот бугарски вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов на тамошната телевизија Бугарија он ер уште еднаш се произнесе за својата омилена тема „Македонија“, овојпат изразувајќи нескриен анимозитет кон претседателот на македонската Влада, Христијан Мицкоски.

„Со оглед на политиката што (Владата на Македонија – н.з.) ја води за оцрнување и навредување на Бугарија, Бугарија мора да биде многу радикална. Да си влеземе во нашите улоги, бидејќи не се кандидира Бугарија за членство, туку Скопје. Да бев бугарски премиер, по оваа пресуда (на Љупчо Георгиевски, претседател на избришаниот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола – н.з.) директно би изјавил дека ги прекинуваме преговорите и ставаме вето на Македонија додека со неа управува владата на Христијан Мицкоски“, изјави лидерот на вонпарламентарната партија ВМРО-БНД.

„Властите во Скопјe нема да се придржуваат кон ништо, бидејќи гледаат дека бугарската држава не постои. Тие гледаат дека бугарските политичари се преокупирани со тоа кој може да украде повеќе од сопствената држава. Тие не ги штитат интересите на Бугарите во Бугарија. Многу добро гледаат дека на темата ‘Македонија’ бугарските политичари, вклучувајќи ја и последната влада, го прават она што им се кажува некаде од Брисел или она што некој функционер ги советува – или од Брисел или од некоја амбасада“, категоричен е Каракачанов.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

To top