Македонија

Касами: Го бараме најдобриот модел час поскоро коалицијата Вреди да стане една партија и за избор на нејзин лидер

Претседателот на Движењето Беса Билал Касами, кој е и еден од лидерите на коалицијата Вреди, денес се осврна на спојувањето на оваа коалиција во една партија. За ова, тој нагласи дека се во комуникација со сите функционери на Вреди. Касами додаде дека секој член на секоја партија има право да ги искаже своите ставови за натамошниот пат на Вреди, за да можат, како што рече, да го пронајдат најкраткиот и најдобриот пат да стане Вреди една политичка партија час поскоро.

Телевизијата натаму наведува: „Пред да поставиме рок, треба да го пронајдеме најдобриот модел и да имаме целосна согласност, бидејќи еден од успесите на Вреди е тоа што досега сите одлуки се донесувани со целосен консензус и не сакаме ниту во овој случај да има мајоризирање, иако постојат различни мислења за тоа како треба да изгледа раководството на Вреди. Сакаме до крај да ги усогласиме нашите ставови и на крајот да дојдеме до заеднички став.“ – посочи Касами. 

Тој истакна дека во врска со прашањето за претседателот на партијата, се разгледува модел, што би се засновал врз ротација. Коалицијата Вреди неколку пати нагласи дека работат на тоа да станат една партија час поскоро, а во врска со тоа кој ќе биде претседател, имаат неколку можности.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: „Не коленичиме, туку достоинствено ја водиме политиката“

Ова вчера во телевизиско гостување рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање за влезот на државата во ЕУ, но и за неодамна изнесениот став на премиерот Христијан Мицкоски оти е подготвен да чека со децении без уставни измени, односно дека актуелната Влада нема да попушти пред барањата за уставни измени доколку не добие јасни гаранции за евроинтегративниот процес

Стоп за деца и малолетници на социјалните мрежи

Според анкета на  Институтот за демократија – Социетас цивилис Скопјеоддржуваат  дури 78% од  граѓанитете поддржуваат забрана за пристап до социјални медиуми за деца под 12 години и регулација на пристапот за малолетници до 16 години

To top