Македонија

Касами и Реџепи во втор круг за градоначалник на Тетово

Кандидатот на ВРЕДИ освоил 45,64 , а кандидатот на НАИ 36,63 отсто гласови од вкупниот број избирачи кои излегле на гласање

 

Актуелниот градоначалник на Тетово, Билал Касами од ВРЕДИ и кандидатот на „Националната алијанса за интеграција“ (НАИ), предводена од ДУИ, Бајрам Реџепи, ќе се соочат на 2-ри ноември во вториот круг од изборите за градоначалник.

Според 100 отсто обработени податоци, Државната изборна комисија (ДИК) објави дека кандидатот на ВРЕДИ освоил 45,64 отсто гласови од вкупниот број избирачи кои гласале, или вкупно 19 028 гласа.

Второпласиран е кандидатот на коалицијата НАИ, Бајрам Реџепи, кој освоил 36,63 отсто гласови од вкупниот број избирачи кои гласале, односно за него гласале 15 272 гласа.

Кандидатката на Левица за градоначалничка на Тетово, Катка Божиновска, освои 7,91 процент од гласовите, односно 3 298 гласа, а кандидатот на ВМРО – Народна партија, Стевица Сркоски, 3,90 отсто од гласовите, или  1 625 гласа.

Кандидатот на коалицијата „Искуство за успех“, Самка Ибраимовски, освои 253 гласа, а на Демократи Скопје, Изет Зејнеловиќ, 0,28 отсто од гласовите, односно 115 гласа.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top