Македонија

Кавадарци: Две жени се затруле со заостанати велигденски јајца

Жените на возраст од 62 и 56 години побарале помош во Итната медицинска помош во Кавадарци каде што биле третирани под сомнеж за труење со заостанати велигденски јајца

 

Едната била задржана на болничко одделение во кавадаречката болница, а другата, по неколкучасовно медицинско следење, сама изразила желба да си оди дома, бидејќи се чувствувала подобро, изјави за МИА началникот на Службата за итна медицинска помош во Кавадарци, доктор Антоан Паракеов.

Доктор Ратко Грков од кавадаречката Итна медицинска помош во изјава за МИА вели дека и во негова смена имало пациенти кои се пожалиле на лесни симптоми на труење, а кажале дека претходно консумирале велигденски јајца.

Паракеов и Грков апелираат на внимателност при консумирање преостанати велигденски јајца со цел да се избегнат несакани последици од консумирање постара храна.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top