Македонија

Казната ги стигна и странските возачи: „Сејф сити“ ги регистрира и немакедонските таблички

Редици на граничниот премин Табановце

На граничниот премин Табановце денеска има редици од возачи од странство кои чекаат да ја платат казната за сторен сообраќаен прекршок, регистриран од системот „Сејф сити“, пренесува Плус инфо.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неодамна изјави дека никој не може да му избега на системот „Сејф сити“ доколку се движи по патиштата во Македонија каде што се поставени камери за мерење на брзината, без разлика дали станува збор за возило со македонски или со странски регистарски таблички. Тој рече дека нема да има исклучоци и дека секој што ќе ги прекрши законите додека се движи низ Македонија ќе биде санкциониран, без оглед од која држава доаѓа.

Кога беше воведен системот „Безбеден град“ на почетокот на годнава беше истакнато дека странските возила кои ќе направат сообраќаен прекршок нема да бидат задржани при излез од државата, но возачите ќе добијат официјално известување дека нема да можат повторно да влезат на македонските граници доколку не ја подмират казната.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски ја обвини СДС за ширење хистерија и политизирање на западнонилската треска!

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, реагираше на обвинувањата на СДС за наводно задоцнето справување со комарците и зголемениот број случаи на западнонилска треска. Преку општествената мрежа тој истакна: „Новата хистерија на СДС, по хистеријата за скопската вода, е оваа за комарците. Но, здравјето на скопјани е премногу сериозна работа за да биде средство за дневнополитички поени. […]

Ангелов: Дејствуваат три „воздушни трактори“, заштитивме неколку манастири, сѐ уште е активен пожарот кај Чаниште, но не загрозува некое село

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, преку видеоизјава истакна дека сѐ уште е активен пожарот кај прилепското село Чаниште. Тој не очекува пожарот да го загрози ова, или некое друго село.

Муцунски: Подготвени сме да ги спроведуваме реформите, но бараме нашиот напредок да се вреднува според резултатите, заслугите и европските критериуми

На покана на министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски, денеска во официјална дводневна посета на Република Македонија престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република Петр Мацинка. Во средиштето на средбите во Охрид беа натамошното зајакнување на заемните односи и потврдувањето на постојаната чешка поддршка за европската интеграција на Македонија.

To top