Македонија

Казнети 35 „моторџии“ – возеле без кацига

Контрола на возачи на мопеди, мотоцикли, квадрицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваа сообраќајните правила

 

Во акциска контрола спроведена на 4 јули од 17:00 до 23:00 часот во Штипско, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Секторот за сообраќајни работи изрекоа вкупно 55 санкции за помали прекршоци и кривични дела.

Контролата беше насочена кон возачи на мопеди, мотоцикли, квадрицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваа сообраќајните правила.

Од вкупниот број санкции, најголемиот број – 35, се однесува на управување со мотоцикл без заштитна кацига. Една мерка е изречена и за возење под дејство на алкохол, една за истечена возачка дозвола, како и три мерки за неприкажани регистарски таблички.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Од СДСМ се против се’, но не и против распродавање на Македонија (ВИДЕО)

Да им ставите бел лист хартија, тие ќе потпишат сè само да не треба тие да го платат, само да можат да го платат граѓаните и Македонија, а тие да може што повеќе да украдат од истите и да стават во своите џебови, рече премиерот на синоќешниот митинг во Брвеница

To top