Македонија

Клековски денеска се вакцинира против сезонски грип: Ги повикувам граѓаните да се пријават час поскоро за бесплатната вакцинација

„Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра и најефикасна мерка за спречување на ова заболување. Токму затоа денеска со личен пример укажав на важноста од навремената заштита на здравјето, посебно кај оние групи на население, кои се изложени на опасност. Вакцинацијата докажано спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход од сезонскиот грип.“ – нагласи министерот за здравство Сашо Клековски.

Според Клековски, охрабрувачки е фактот што само за една седмица повеќе од 55 илјади граѓани се пријавија за вакцинација. – Денеска стартуваше вакцинацијата во сите пунктови низ Македонија. Ги повикувам граѓаните од оние групи на население, кои се изложени на опасност, коии сè уште не се пријавиле за бесплатна вакцинација на сајтот vakcinacija.mk, да го сторат тоа час поскоро.  – истакна првиот човек на македонското здравство.

Од 14 октомври 2026 , кога беше отворена формата за пријавување, до денеска за бесплатна вакцинација против сезонски грип се пријавени 55.535 граѓани. Над 60% од пријавените се лица постари од 65 години, а околу една третина се граѓани со хронични заболувања. Најмногу граѓани се пријавиле во Скопје, Битола, Прилеп, Струмица и Тетово, информира Министерството за здравство.

Со пополнување на формата на сајтот за пријавување, граѓаните се регистрираат за вакцинација директно во системот Мој Термин. Потоа, согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, ќе добијат СМС порака со информација за точниот датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот што ќе го изберат при регистрацијата.

Бесплатната вакцинација против сезонски грип е наменета за следните ризични групи: лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, како и деца на возраст од 6 месеци до 5 години, информираат надлежните.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Сметководителите бараат поедноставни правила за финансиско известување и помал административен товар за фирмите

По повод 10. Ноември – Меѓународниот ден на сметководството, Институтот на сметководители и овластени сметководители организираше тркалезна маса на тема „Големи правила за малите бизниси: дали е време за поедноставно сметководство?“, посветена на иницијативата за поедноставување на административните постапки за микро и малите фирми.

Важност на новиот предложен Кривичен законик, заради членство во европската платежна зона: построги одредби за перење пари и конфискација

Измените на Кривичниот законик што се разгледуваат во Собранието имаат цел да ги намалат ризиците поврзани со членството на Македонија во СЕПА, единствената европска платежна зона, изјави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за полагањето на правосудниот испит: Законите да се темелат врз Уставот и европските стандарди

Владата на денешната седница ја усвои потребата за добивање итно мислење од Венецијанската комисија во врска со предложениот модел за полагање на правосудниот испит.

Бојковска за заканите кон обвинителот Савески: СДСМ се во паника и страв од Надѕорната расправа за „Алта банка“

СДСМ се во паника и страв од надѕорната расправа за Алта банка која ќе се оддржи в среда во Собранието, вака пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска во „Колегиум“ на ТВ Алфа ја оцени директната закана на нивната портпаролка до републичкиот јавен обвинител Ненад Савески, во која Кузеска упати ултиматум до него со порака – ако итно не отворел истрага за Алта банка, ќе му се случело она што се случува во Србија со апсењата на тамошни јавни обвинители.

По 30 години нов Кривичен законик, заради поефикасна борба против криминалот и корупцијата и поправични судски постапки

Министерството за правда ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

Најнови вести

To top