Македонија

Клековски и Аџигогов спасиле 2000 тешко болни пациенти од непотребно малтретирање

Мал чекор за ФЗОМ но огромен за пациентите со канцер

Менаџментот на Фондот за здравствено осигурување со еден потег ја намалиле малата на огромен број онколошки пациенти со ставање на неколку евтини лекови за канцер на позитивната листа која се набавува со партиципација.

 

Од сега пациентите со оваа тешка болест ќе можат да ги подигаат лековите во аптека со дигитални рецепти и не мораат да одат до Универзитетската клиника за радиологија и онкологија.

Информацијата за овој мал чекор за Фондот за здравство но огромен за онколошките пациенти ја открива онкологот Милан Ристевски кој јавно се заблагодари на првите луѓе на фондот во име на пациентите.

 

,,ФЗОМ, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, конечно направивте нешто што го бараме од времето на Маја Парнарџиева како директор на ФЗОМ – да се стави евтината ендокрина терапија (анастразол, летрозол и бикалутамид) на аптекарска позитивна листа, не само на болничката. Браво момци, спасивте барем 2000 непотребни патувања месечно до УКРО, бензин, време и на пациентите и на докторите, гужва по ходници”, пишува лекарот Ристевски.

 

Најнови вести од: Македонија

Министри заедно со градоначалници ќе го убедуваат УНЕСКО за зачувување на статусот на Охридскиото езеро

На средбите ќе бидат потенцирани цврстите заложби на Владата за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Исто така, ќе биде истакнато дека државата воспоставува систем за заштита кој гарантира зачувување на интегритетот и автентичноста на Охридскиот Регион како исклучителна универзална вредност.

Протест нека има, но да не се попрачува работа на пратениците, порача спикерот Гаши

Пратениците утре сами да се снајдат како ќе дојдат на работа откако ССМ најави блокада пред законодавниот дом каде ќе ги испратат барањата за раст на платите. Собранискиот спикер Африм Гаши на брифинг со новинарите посочи дека правото на протест е загарантирано, но и дека народните избраници мораат да си ја работат својата работа, исто како и МВР кое е задолжено за безбедноста на сите.

To top