Македонија

Клековски: Нема здравствен случај кај бегалката Ива Михаилова

Бегството е поради страв од доаѓањето на бугарскиот конзилиум, кој требаше аедно со македонските лекари да ги провери наводите за здравствената состојба

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум во Македонија, кој, како што вели, по проверката на нејзините наводи ќе утврдеше дека таму нема здравствен случај.

„Бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум, тука. Тој требаше заедно со македонските лекари да ги провери наводите на лицето.

Мислам дека тогаш ќе излезеа работите на виделина какви се. ​Јас патувам во Софија, ќе разговарам секако со нивното министерство за тоа, бидејќи во основа таму нема здравствен случај#,  вели Клековски.

Најнови вести од: Македонија

To top