Македонија

Клетников: Филипче и неговите следбеници се луѓе без карактер, учествуваа во идентитетскиот геноцид над својот народ! – СДС е фашистичка партија со зомбирано членство!

„Австриецот Роберт Музил има роман „Луѓе без својства“, а луѓе без својства се токму Филипче и СДС, нивните следбеници, меѓу кои има и неколку универзитетски професори. Тие немаат ниту карактер, ниту битие. За нив не треба ниту да се зборува. Повеќе пати сум го повикувал и на пишано и преку телевизиски настапи Филипче, за да се соочиме и да му објаснам зошто неговата партија СДС е фашистичка.“ – нагласи поетот поетот Ефтим Клетников во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.

Исто така, Клетников истакна: Тие учествуваа во идентитетскиот геноцид на својот народ. А идентитетската смрт, јас го цитирам Луј Вансен Тома, кој во „Антропологија на смртта“ вели дека тоа е најстрашната смрт од сите видови на смрт. Не само тој, тоа го тврдат сите антрополози. Со тоа тоа ти се укинува меморијата, ти си ставен во позиција на некој кој не знае од каде дошол, зошто е тука и кај оди.

Филипче и неговите следбеници, меѓу кои има некои универзитетски професори, немаат срам да истапуваат јавно. Тоа се празни луѓе, не без визија, туку и не знааат што е тоа визија. Зомбирано им е нивното членство, на СДС, бидејќи кога се ликвидираше идентитетски македонскиот народ, еден од нив не се најде да излезе јавно да крене рака и да рече НЕ! – нагласи поетот и есеист Ефтим Клетников во емисијата на ТВ Алфа..

Најнови вести од: Македонија

To top