
Организатор на манифестацијата е Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.
Како што појаснуваат организаторите, ќе има натпревари во 11 дисциплини, ќе учествуваат 328 натпреварувачи од 40 здруженија на пензионери.
По прогласување на најдобрите, предвидено е да се додели преоден пехар на здружението со најдобри резултати.
Спортските натпревари, како што се потенцира во соопштението, се одржуваат во чест на 79 години од пензионерското организирање во државава, како и по повод 20 Септември – Денот на пензионерите.