Македонија

Кој е тој „државотворен народ“ којшто е 33 отсто во Македонија, според Спиропали?

Ако албанската министерка мислеше на Албанците, тие се 29,52 отсто во вкупното население и 24,30 отсто во резидентното

Албанската министерка за Европа и за надворешни работи, Елиса Спиропали, при денешната посета на Македонија идентификува „државотворен народ“, кој е 33 отсто според последниот попис, иако таков процент нема во официјалните резултати од последното пребројување на населението во 2021 година.

„Албанија го поддржува интегрирањето на Македонија во Европската унија, затоа што делиме заедничка иднина и затоа што овде живее еден државотворен народ, којшто е 33 проценти според последниот попис“, изјави Спиропали на заедничката прес-конференција со својот домаќин, македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Според последниот попис, вкупното попишано население изнесува 2.097.319 лица, а вкупното резидентно население е 1.836.713 лица.

Во вкупно попишаното население, 54,21 проценти се изјасниле како Македонци, 29,52 отсто како Албанци, 3,98 отсто како Турци, 2,34 отсто како Роми, 1,18 отсто како Срби, 0,87 отсто како Бошњаци, 0,44 отсто како Власи итн.

Во вкупното резидентно население, пак, 58,44 отсто се изјасниле како Македонци, 24,30 отсто како Албанци, 3,86 отсто како Турци, 2,53 отсто како Роми, 0,47 отсто како Власи, 1,30 отсто како Срби, 0,87 отсто како Бошњаци итн.

Ако под „еден државотворен народ“ Спиропали мислеше на Албанците, како такви не се изјасниле 33 проценти ни во вкупното попишано население во Македонија пред четири години, ни во резидентното.

 

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top