Македонија

Кој им се заканува на верификаторите на криминалот на Груби

Заканувачите не знаат дека закана за македонските ревизори е индиректен напад врз ЕУ и НАТО

Засега непознати лица им се закануваат на верификаторите на криминалот на Груби во министерството за односи меѓу заедниците кое екс вицепремиерот го водеше додека беше заменик на премиерите Заев и Ковачевски.

Заканите, според диоломатски извори, дошле откако аналитичари на Државниот завод за ревизија во својот извештај за работата на институцијата која ја водел Груби, утврдиле сериозен криминал.

Заканите до луѓе од Државниот завод за ревизија дошле од технолошки средства кои се соодветно дигитално скриени за да не може да се дознаат локациите од каде се тие упатени.

Неофицијално владини извори велат дека нема сериозна закана за тие на кои им се упатени пораките и дека заканувачите ќе бидат најдени и ќе завршат в затвор.

Државниот завод за ревизија се смета за најпрофесионалната македонска државна инститиција и како таква има поддршка од македонските меѓународни партнери.

,,Очигледно дека заканувачите не знаат дека закана за македонските ревизори е индиректен напад врз ЕУ и НАТО кои ќе ги употребат сите свои механизми за да бидат санкционирани тие што го штитат криминалот во Министерството за односи меѓу заедниците”, вели западен дипломат запознат со заканите.

Засега не е јасно што точно содржат пораките со закани освен дека тие се упатени на луѓе за кои заканувачите мислат дека се виновни за откривање на криминалот.

На почетокот на Март државниот завод за ревизија откри дека 61% од вработените во Министерството за односи меѓу заедниците во време на претходната Влада добивале плата без да има доказ дека воопшто оделе на работа.

Државната ревизија по спроведениот преглед на работата на т.н. Министерство на Артан Груби даде неповолно мислење за финансиските извештаи во кои се утврдени слабости во евиденцијата на средствата, при што 28% од основните средства или околу 25.000 евра недостигале, односно не биле пронајдени на попис.

Дополнително, исплатени се над 500 илјади денари за гориво без контрола на регистарските таблици, што овозможило точење гориво и во возила кои не се во сопственост на Министерството.

Во Министерството според ревизијата недостигаат и 30 лаптоп компјутери. Дополнително неправилности се утврдени и при финансирањето на здруженија и фондации за 2023 година. Од 33 организации кои добиле средства, 17 треба да вратат дел од средствата бидејќи не доставиле докази за нивно трошење.

Од ДЗР посочуваат дека по промената на раководството во текот на 2024 година се преземени одредени активности за надминување на дел од утврдените состојби, додека за дел постапуваат и други надлежни институции.

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

МВР: Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор

На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон

Најнови вести

To top