Македонија

Кој сака да го гази познатиот македонски новинар, МВР и ЈО на потег

ВМРО-ДПМНЕ ги повика МВР и Јавното обвинителство да реагираат по заканите кон новинарот на Канал 5 – Александар Видиновски!

На социјалните мрежи повторно се појавија груби закани за физичко насилство кон новинарот на Канал 5 Александар Видиновски.

Овој пат, под видео објавено од скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, коментатор повикува на „газење“:

„Ај бе преку таквото со тој Видиновски… Што направил корисно, што снимал ѓубре?! […] само газење“, пишува во заканата.

Ова е само дел од серијата закани кои во последниот период зачестуваат. За случајот е поднесена пријава до МВР, а реагираа и новинарските здружениа.

Новинарската слобода и безбедноста на медиумските работници не смеат да бидат под знак прашање. Нападите врз новинарите се напад врз сите граѓани и правото на информираност.

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува заканите и повиците за насилство упатени кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски

Во едно демократско општество, секој новинар мора да може слободно и без страв да ја извршува својата работа. Заканите, говорот што поттикнува насилство и повиците за физичка пресметка се целосно неприфатливи и претставуваат директен удар врз слободата на медиумите и правото на информирање.

Ги повикуваме Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство без одлагање да ги идентификуваат лицата кои упатуваат вакви закани и да преземат соодветни законски мерки. Секој што повикува на насилство мора да сноси одговорност, без разлика на неговата политичка или било каква друга припадност.

ВМРО-ДПМНЕ останува доследно на ставот дека политичките разлики се решаваат со аргументи и демократски дијалог, а не со закани, притисоци и повици за насилство. Очекуваме институциите да постапат брзо и ефикасно, затоа што безбедноста на новинарите е предуслов за слободно и демократско општество.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top