Македонија

Колегите на Татјана Димитровска од ДКСК утре ќе се оградат од нејзините постапки

Антикорупциска ќе продолжи да работи и да ги извршува должностите

Антикорупциска ќе продолжи да работи и да ги извршува должностите-ова е нивниот став за дел од медиумите по поднесеното обвинение против актуелната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска.

Претседателката Димитровска и денеска недостапна за медиумите, а од ДКСК ни кажаа дека со официјален став ќе излезат утре, бидејќи денеска е недела. На Димитровска, на товар ѝ се ставаат две кривични дела, оддавање службена тајна во врска со предметот „Адитив“, праќала документи од предмет на интерес на еден од сега обвинетите во „Адитив“. Како и за тоа дека првата антикорупционерка се здобила со безбедносен сертификат за пристап до класифицирани информации откако ревизор во Државниот завод за ревизија и го положил испитот наместо таа лично. Претходно за „360“ од Антикорупциска одговорија.

ДКСК

„Државната комисија продолжува да работи редовно и да ги извршува своите надлежности пропишани со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, а нејзиното функционирање е од исклучителна важност за општеството. Одговорноста е индивидуална, поради што Комисијата поседува кредибилитет и продолжува со своето работење.“

Поранешната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска со став дека актуелната претседателка треба да си поднесе оставка. Истото требало да го стори од етички причини уште на почетокот кога беше осомничена.

Билјана Ивановска-поранешна претседателка на ДКСК

„Стојам на истото, дека треба да си поднесе оставка за да не и штети повеќе на институцијата. Ако таа неетички постапува, тогаш крајно време е Собранието да си ги преземе работите во свои раце, бидејќи има и обврска и законска должност да го направи тоа.“

Политичките партии со свои ставови. Претходно, од ДУИ кажаа дека се во координација, за иницијатива размислува и Левица. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека законите важат за сите, а од опозициската СДСМ велат ќе разговараат и со пратениците и ќе излезат со став.

Миле Лефков-ВМРО

„Постојат неколку опции. Се разгледуваат сите опции во моментот и она што е важно да се напомене и јавноста да знае е дека законите важат за сите и одговорност ќе има.“

Каја Шукова-СДСМ

„И за тоа прашање, како и за сите прашања се дискутира во партијата, се носи став кој се одобрува на извршниот одбор на партијата и потоа ќе ја информираме јавноста, дали нашата пратеничка група ќе преземе било какви чекори во однос на тоа прашање.“

Судењето за случајот „Адитив” пак веќе започна и обвинети се 31 физичко лице и пет правни лица, меѓу кои и првообвинетиот Васко Ковачевски кој е во бегство, како и поранешените директори на ЕСМ. Обвинетите се товарат за перење пари, злоупотреба на службена должност и злоупотреба на постапката за јавен повик. Се правеле манипулации околу постапките за набавка на адитив за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и подружница РЕК Осломеј. Според обвинителството, парите од зделките ги вратиле во оптек и ги прикривале преку трансакции и подигнување готовина.

Најнови вести од: Македонија

Демографијата тоне – аларм за намалениот наталитет во Македонија

Зарем е важно кога се родени денешните првачиња и кој е крив за се помалиот број првачиња? Факт е дека државата старее и дека од година во година имаме се помалку првачиња. Додека цели семејства заминуваат од државата, политичарите си наоѓаат нова тема за меѓусебни препукувања наместо да донесат итни мерки за да се спречи одливот на млади.

МЗ: Нови седум случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, сите од Скопје

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи се од Скопје – по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани, информираа попладнево од Министерството за здравство.

To top