Македонија

Колку навистина е загаден воздухот во Трубарево по пожарот?!

Силна миризба која пробива низ заштитните маски се уште има низ празните улици низ Трубарево. Дел од жителите побарале прибежште и чист воздух на друго место. Оние ретките, кои останаа таму, поделени – за едните мирисот најмногу се чувстувал утрово, а другите велат дека се навикнати и веќе не го чувстуваат мирисот.

Зголемување на сите параметри од два до три пати над дозволените граници се првичните резултати од мерењето на квалитетот на воздухот, извршено на денот на пожарот, кој се случи во објект на компанијата Ф-Групација во Трубарево. Меѓутоа, нивото на јаглерод монооксид, чија просечна вредност не треба да ја надмине 10 mg/m³, било 300 mg/m³. Директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, соопшти дека в петок ќе се знае кои тешки метали се присутни во воздухот во Скопје.

  • „Зголемувањето на параметрите е од два до три пати, мерењето е направено на три точки, моноксидот на јаглерод, чија дозволена вредност е 10 mg/m³, бил 300 mg/m³ на едно место, а на другите точки можеби бил 250… и така натаму. Имам резултати и е нормално кога има пожари да се зголеми моноксидот на јаглерод. Ова се резултати земени на денот на пожарот, од акредитирана лабораторија“, порача Ивана Гиновска.

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ и раководител на лабораторијата, Дејан Мираковски, вели дека се поставени два уреди кои континуирано, 24 часа на ден, во наредните пет дена, ќе го мерат присуството на честички во воздухот, кои потоа ќе се анализираат. Мираковски вели дека ќе се анализираат 32 елементи,меѓу кои никел, кадмиум, арсен, олово и жива.

  • „Нашите резултати најверојатно ќе бидат на почетокот на следната недела. Ќе мериме во овие денови до четврток, па в петок ќе ги отстраниме филтрите и ќе ги анализираме. Мериме на две локации, едната во близина на местото каде што се случи пожарот, а другата неколку стотици метри подалеку. Целта е да се види актуелната концентрација или сегашното ниво на честичките и нивниот состав и да ги споредиме со регулативите, правилата за елементите, да ги споредиме со другите делови од Скопје за да видиме дали има зголемување или не на концентрацијата на елементите“, вели Дејан Мираковски.

Пожарот се случи во саботата. Гореа просториите на погон за постапување со електронски и опасен отпад на фирмата „Ф-Групација“, а црниот чад со часови труеше делови од главниот градСкопјани и жителите на Трубарево се уште не знаат колку отров дишат овие денови, а особено во саботата. Првите резултати за тешки метали треба да бидат готови до крајот на неделата .

Најнови вести од: Македонија

Државниот врв со бројни честитки кон сите граѓани за Водици

Празникот, кој се одбележува уште од вториот век според христијанското предание, продолжува да привлекува голем број верници и туристи и ја потенцира духовната и културната вредност на православните обичаи во земјата.

(Фото галерија): Сплотеноста на народот е моќна порака, Ѓорѓиевски со честитки до Дарко Митровиќ и сите граѓани

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати порака по повод празникот Водици. „Бог се јави! Денешниот ден е длабоко значаен и величествен“, посочи Ѓорѓиевски. „Ден кога го славиме Богојавление, светото крштевање на Господ Исус Христос, една од најсветите тајни на Христијанството, симбол на духовно раѓање, вера и прочистување на човековата душа.

ВМРО ДПМНЕ: Заев и Филипче се обидоа да му ја превземат приватната болница на Жан Митрев, ја направија Македонија рекетарска држава!

Заев и Филипче додека се обидувале да му ја превземат болницата на д-р Жан Митрев, ја претвориле Македонија во рекетарска држава, а јавното обвинителство и институциите молчеле и им биле во служба, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

Маскирани насилници во скопско Маџари претепале дете и тоа го снимале!

Маскирани лица во неделата напладне на фудбалското игралиште во населбата Маџари, во Скопје, физички нападнале група малолетници и со тврди предмети претепале едно од децата, а насилството го снимале со мобилен телефон, извести во понеделникот Министерството за внатрешни работи

Во струмичка Сушица верниците го бараат со лопати фрлениот крст, кој се изгуби!

Во струмичкото село Сушица, православните христијански верниците денеска со лопати го бараа Чесниот крст, кој најверојатно пропаднал во земјата по традиционалното фрлање во реката.

To top