Македонија

Колку пати Заев ја спомна Северна а колку само Македонија во последната објава

Човекот што дојде на власт да ја донесе Северна сега бега од неа како ѓавол од крст

Човекот што кумуваше на смената на името државата во Северна Македонија заборави на злото што го нанесе и како ништо да не било се кити само со Македонија

 

Во својот последен пост преписка со екс премиерот Никола Груевски, Заев ниту еднаш не го користи името во чија насилна промена настрадаа стотици животи и наруши прастари традиции.

Во постот Заев ја заборави Северна и 6 пати во краткиот текст  користи само Македонија:

 

…се борев за слободна и демократска Македонија.

… народот на Македонија

… од Македонија

… на граѓаните на Македонија,

…ќе се појавиш во Македонија

Поздрав од Македонија

 

Целиот пост за Груевски од политичарот за кој многумина сметаат дека е лидер на СДСМ во сенка на овој ЛИНК

 

До свидания Никола – Заев на руски му врати на Груевски за обвинувањата дека терал бизнис со Русија

 

 

Најнови вести од: Македонија

Директорка и нејзина колешка со пари од Државна лотарија си купувале чанти „Диор“, „Хермес“, „Луј Витон“

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две службени лица вработени во Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија поради постоење на сомнение за сторени кривични дела “Проневера во службата” од член 354 од КЗ на РСМ и“Фалсификување или уништување деловни книги” од член 280 од КЗ на РСМ.

(Видео): Околу 25 милиони евра годишно се давале на починати луѓе, обелодени премиерот

Над 4.500 лажни корисници на социјална помош. Мицкоски рече дека на годишно ниво од државниот буџет биле издвојувани повеќе од една милијарда, а можеби и до 1,5 милијарди денари за исплати на вакви корисници или околу 25 милиони евра.

Помалку одење по шалтери, електронски процедури и олеснувања за пациентите – усвоени нови правила за боледувања

Со измените се воведуваат повеќе конкретни олеснувања за осигурениците и матичните лекари, со цел да се намалат непотребните административни постапки и движењето на пациентите низ здравствениот систем.

To top