Македонија

Колку сега изнесуваат платите во јавното здравство во Македонија?!

Со постигнатиот договор со репрезентативните синдикати е предвидено дополнително зголемување на платите во јавното здравство од најмалку 5 проценти во март 2026 година, согласно спогодбата од 2025 година која предвидува раст од 5 до 7 проценти. Клековски нагласува дека постои јасна и континуирана посветеност на институциите кон соодветно вреднување на трудот на здравствените работници.

Во јавноста се создаваат перцепции дека институциите се спротивставуваат на зголемувањето на минималната плата, но ваквите тврдења не се основани, оценува директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Како што посочува тој, примерот на јавното здравство јасно покажува дека надлежните институции не само што не се пречка, туку активно го поддржуваат растот на платите.

Според Клековски, најниската основна нето плата во јавното здравство во 2025 година изнесува 27.158 денари, што претставува номинално зголемување од 22,2 отсто во однос на 2023 година, додека реалното зголемување изнесува 13,4 проценти. Ова значи дека растот е повисок од инфлацијата во истиот период, а најниската плата во здравството е за 11,4 отсто над минималната плата во државата. Тој наведува дека основната нето плата на медицинските сестри со средна стручна спрема, согласно гранковиот колективен договор, во 2025 година изнесува 31.934 денари. Во однос на 2023 година, оваа плата бележи номинален раст од 24,5 отсто, додека реалното зголемување е 15,6 проценти.

Клековски посочува и дека просечната нето плата во здравството, според податоците на Државниот завод за статистика, во 2025 година изнесува 50.327 денари. Во споредба со 2023 година, тоа е номинално зголемување од 15,8 отсто и реален раст од 7,5 проценти, при што просечната плата во здравствениот сектор е за околу 9,5 отсто повисока од просечната плата во целокупната економија.

  • Овие податоци јасно покажуваат дека платите во здравството не растат само номинално, туку и реално, што значи вистинско подобрување на стандардот на здравствените работници – истакнува директорот на Фондот за здравствено осигурување.

Тој додава дека со постигнатиот договор со репрезентативните синдикати е предвидено дополнително зголемување на платите во јавното здравство од најмалку 5 проценти во март 2026 година, согласно спогодбата од 2025 година која предвидува раст од 5 до 7 проценти. Клековски нагласува дека постои јасна и континуирана посветеност на институциите кон соодветно вреднување на трудот на здравствените работници.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини не ни требаат

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на предлозите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за економски мерки во услови на раст на цените на горивата, оценувајќи дека тој нема никаков кредибилитет да дава совети за управување со кризи.

Претседателката Сиљановска-Давкова во комеморативна посета на Треблинка

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, заминува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на свеченото комеморативно одбележување на трагичната судбина на македонските Евреи во време на Холокаустот.

Мисајловски: Постојано набавуваме ново оружје, даваме сè АРМ да биде подготвена! Нашата цел се Македонија, македонската војска и граѓаните!

Ние сме земја членка на НАТО и сме со нашите сојузници, рече денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски, кој во Штип одговораше на новинарско прашање за состојбата на Блискиот Исток и дали нашата армија набавува воена опрема и оружје.„Ние сме земја членка на НАТО и знаете дека сме постојано со нашите сојузници и имаме една […]

To top