Македонија

Конгресот врши притисок врз Трамп: Резолуција за спречување на продолжена војна со Иран

Најголемото значење на гласањето е што за првпат значителен број републиканци јавно се спротивставија на продолжување на конфликтот, што е сигнал дека дури и во неговата партија претседателот Трамп нема неограничена поддршка за натамошна ескалација со Иран.

Сенатот на САД вчера изгласа резолуција со која се бара од претседателот Доналд Трамп да спречи продолжување на војната против Иран.

За резолуцијата гласаа 50 сенатори, а 48 се изјаснија „против“. Резолуцијата минатиот месец беше изгласана и во Претставничкиот дом.

Ова е првпат двата дома на Конгресот да усвојат резолуција со која се бара претседателот да повлече американски вооружени сили од воена операција, откако е донесен Законот за воени овластувања во 1973 година.

Резолуцијата не значи дека Трамп од утре автоматски губи право да нареди воен удар врз Иран. Таа е пред сè политички и уставен притисок од Конгресот кој вели: „За продолжена војна или поголема воена кампања, треба наше одобрение.“

Според американската практика, Трамп може да нареди ограничени воени акции или да реагира ако тврди дека има непосредна закана за американските сили или интереси, но не може да води долготрајна војна без поддршка од Конгресот.

Најголемото значење на гласањето е што за првпат значителен број републиканци јавно се спротивставија на продолжување на конфликтот, што е сигнал дека дури и во неговата партија претседателот Трамп нема неограничена поддршка за натамошна ескалација со Иран.

Најнови вести од: Македонија

Се шират лажни вести за сместувањето во студентските домови, сè е регуларно, рече Јаневска

Транспарентно се објавени ранг-листите за сместувањето во студентските домови и за тие што се примени и за тие кои не ги исполниле условите, тврди министерката Јаневска откако партијата „Левица“ обвини дека се кријат бодовите. Јаневска ги проверила овие информации и е децидна дека тие кои ги нема на списоците, не ги исполнувале условите.

Австриски компании добредојдени во новиот инвестициски циклус во македонската енергетика, вели Божиновска

Македонско-австрискиот бизнис-форум е организиран од Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение при Австриската амбасада – Advantage Austria, со цел продлабочување на билатералната економска соработка и поврзување на австриски компании со македонските институции и бизнис-секторот.

To top