Македонија

Констадинов контра новиот кандидат за градоначалник на Струмица

„ЈАС ЗНАМ КОИ СЕ МОИТЕ ВРЕДНОСТИ И МОЖНОСТИ, ЗА ТВОИТЕ ЌЕ ВИДИМЕ НА 19 ОКТОМВРИ“

 

Актуелниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов, му реплицираше на актуелниот кандидат за градоначалник на Стрмица од неговата партија, Марјан Даскаловски по синоќешнаото гостувае на   24 Вести,.
„Чувствувам должност да се обратам не како противкандидат, туку како човек што сака да го сочува достоинството на СДСМ и да спречам чувство на срам кај секој струмичанец и струмичанка што ја следеше оваа дебата.

Анкетите кои беа коментирани во јавност се анкетни истражувања нарачани и платени од самата партија СДСМ, и тоа за нејзини интерни потреби“ вли Костдинов кој неодмна го замрзна своето членство во СДСМ.

„Во тие анкети, кои беа познати на целата организација, јас водев убедливо како потенцијален кандидат.

Затоа, доколку има храброст и чесност, нека бидат јавно објавени“ напиш Костадинов..

Во СДСМ сум член од 2008 година, како дел од 1Б месна организација, во време кога претседател на таа организација беше Жарко Палифров (Бог да го прости),кога претседател на Локалниот клуб на СДММ беше Борис Димитриев,а претседател на Општинската организација на СДСМ Панче Орцев.

Во 2009 година, на внатрепартиските избори за претседател на ЛК СДММ Струмица, од повеќе кандидати беше избран Ѓорѓе Кланков, а јас бев негов потпретседател.Сите избори и кампањи ги водевме со чест, посветеност и волонтерски жар, со една цел добро за граѓаните на Струмица.

Во 2011 година, со поддршка од младите социјалдемократи, бев избран за претседател на ЛК СДММ Струмица, и заедно со мојот тим работев на секој изборен процес во кој, речиси без исклучок, победувавме.
Во 2013 година, за првпат ја добив довербата на граѓаните да бидам советник во Советот на Општина Струмица.

Во 2016 година, по предлог на Зоран Заев, бев назначен за заменик-градоначалник,а потоа и за вршител на должност градоначалник на Струмица.

Истата година, на парламентарните избори,од 14-тото место на листата, по оставката на д-р Коста Јаневски,станав пратеник во Собранието на Република Македонија,претставувајќи ги струмичани во највисокиот законодавен дом.

Секој чекор од мојот пат е искуство стекнато со работа, чесност и дисциплина.

И затоа, како човек, како член на СДСМ, и како кандидат, апелирам на достоинство, мир и вистина.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

To top