Македонија

Кос: На ЕУ ѝ треба „поинаков систем“ за проширување, но не и попуштање околу владеењето на правото, независното судство и борбата против корупцијата

Европската комесарка за проширување Марта Кос за денешното издание на „Фајненшел тајмс“ оцени дека Брисел мора да биде иновативен, нагласувајќи дека без оглед на можната реформа на проширувањето, нема попуштање кога станува збор за основните принципи и стандарди, поврзани со владеењето на правото, независноста на правосудството и корупцијата.

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

Кос побарала од земјите членки брзо да постигнат договор за „поинаков систем“ за прием на нови членки, бидејќи Брисел стравува дека кандидатурата на Украина за членство ќе го преоптовари застарениот модел на пристапување. Крутиот, со децении стар пристап кон проширувањето во Брисел, според кој последен пат беше примена нова членка во ЕУ во 2013 година, се соочува со уверувањето дека приемот на нови држави е геополитичка нужност.

„Ако постои вистински момент да се забрза проширувањето, тогаш тоа е сега“, изјави Кос за „Фајненшел тајмс“, додавајќи дека е време престолнините на ЕУ „да преминат од зборови на дела“. „Не сум тука за да управувам со ситуација без промени“, рече таа.

Интервенцијата на Марта Кос уследи по предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц за да се воведе за Украина статус на „придружна членка“, со погодности и интеграција кои би биле под полноправното членство, додека Киев ги спроведува правните реформи потребни за формален влез во ЕУ. Тие идеи наидоа на поделени реакции меѓу другите држави членки на ЕУ. „Тоа е корисно бидејќи ни е потребна сериозна дебата“, рече Кос на прашањето дали Европската комисија го поддржува предлогот на Мерц.

„Ја поддржувам дебатата. Ова е една од идеите и е добар почеток за разговор… Доведувањето на проширувањето до завршницата е тема за лидерите.“, рече Кос,

Најнови вести од: Македонија

Пронајдени вооружени луѓе во строго-заштитено подрачје на Пелистер

Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот.

Кисела вода добива сè повеќе првачиња

Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, рече дека изградбата на салата во Припор е реализација на долгогодишно барање на жителите. Таа нагласи дека проектот е реализиран во соработка со Владата и Министерството за образование.

Премиерот знаел дека опозициски партии ќе почнат хибриден напад за кревање хистерија

Премиерот посочи дека се надева дека со новите измени во Кривичниот законик ќе има и казнена одредба за ваквите лица кои свесно создаваат хистерија односно вршат своевиден хибриден напад, создаваат чувство на немир и страв кај граѓаните

To top