Македонија

Косовски музичари бараат помош од македонските Албанци за луксузно возило украдено во Македонија

Ѕвездите од соседството останале без своето Ауди 6 додека биле во земјава

Косовскиот музички пар Адри и Илиријана бараат помош од македонските Албанци за луксузно возило украдено во Македонија додека престојувале во земјава.

 

На Адри и Илиријана им е украден автомобилот Ауди 6 кој што вреди околу сто илјади евра.

 

Веста ја објави музичарот Адри, кој се огласи на својот Инстаграм профил, преку кој побара помош за негово пронаоѓање.

 

„Ги замолив Албанците од Македонија да ни помогнат да го пронајдеме автомобилот бидејќи веќе го пријавивме автомобилот во институциите“, напиша тој.

 

Пејачот на Инстаграм оставил податоци за кражбата на возилото и телефонски број за контакт на албански јазик доколку некој ја знае локацијата на возилото Ауди 6.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Владата не се откажува од изградбата на дата-центри

Владата не се откажува од идејата за изградба на дата-центри, затоа што светот и човештвото одат во таа насока и тој процес е неповратен, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој потенцира дека Владата не добила никаков допис од ЕУ дека се откажуваат од финансирањето и давањето грант за изградба на националниот дата-центар. Ако пристигне такво нешто, додаде, тогаш ќе може да го коментираме тоа.

Рокас: Лаен набргу во посета на регионот, за која се надевам дека ќе биде одлучувачка за евроинтеграцијата на земјата

Евроамбасадорот Михалис Рокас најави дека набргу претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, треба да го посети регионот и се надева оти нејзината посета ќе биде одлучувачки чекор кон почнување на пристапните преговори на земјата со Европската Унија.

To top