Македонија

Костадинов бара раководството на СДСМ да си замине

Час поскоро, секој кој носел одлуки, треба да се погледне во огледало и да признае дека не го бива. И да си оди, вели досегашниот градоначалник на Струмица

Aктуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов по изборниот дебакл на СДСМ во Струмица на Фејсбук објави дека по 20 години, во општината која беше пример и бисер за прогрес, СДСМ ќе биде опозиција.

Тој повика на реконструкција, ремонт и ребрендирање, кои можат да ја излечат СДСМ.

„Час поскоро, секој кој носел одлуки, треба да се погледне во огледало и да признае дека не го бива. И да си оди. Тоа е доблест, чекор со кој ќе се овозможи вистинските луѓе да се интегрираат во партијата и искрено да почнат со работа. Веднаш, уште денес“, објави на неговиот фејсбук профил Костадинов.

Тој порачува дека мора да се седне на маса, за консолидација, но суштинска, а не декларативна на прес конференции, односно како што вели „вистинска, лице в лице“.

Повикувам, со ладни глави, кон реформа, реконструкција, ремонт и ребрендирање, кои можат да ја излечат СДСМ“, објави Костадинов и ја честиташе победата на Петар Јанков од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кој прогласи победа во Струмица

 

Најнови вести од: Македонија

Барања, закани и предупредувања на протестот на студентите-Албанци: Држава што не ги спроведува правата не може да постои! – За албанскиот јазик не се преговара!

Во Скопје денеска се одржа студентски протестен марш на кој албанските студентите- Албанци протестираа, поради, како што тврдеа, „неспроведување на Законот за употреба на јазиците при полагањето на правосудниот испит“. Маршот започна од плоштадот „Карпошово востание“, продолжи преку Камениот мост и заврши пред Министерството за правда, каде што беше побарана оставка на ресорниот министер Игор Филков. Информативната агенција Нетпрес извести дека со албански и американски знамиња, како и со транспаренти „Стоп за институционалната дискриминација“, студентите протестираа барајќи правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Не беше видено македонско знаме, знамето на државата Македонија, во чиј главен град Скопје се протестираше и се бараше односната употреба на албанскиот јазик.

Скопјанецот С.Д. (54) бил нападнат од Ј.М. (29) од Крива Паланка, па потоа го истепал него, брат му и другарот!

Вчера на 5 април 2026 година околу 22 часот во СВР Скопје С.Д. (54) од Скопје пријави дека околу 21 часот во домот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од Ј.М.(29) од Крива Паланка.

Од 10 април 2026 почнува електронската евиденција за македонските граѓани за влез во ЕУ

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ги известува граѓаните дека од 10 април 2026 почнува целосната примена на системот за влез во ЕУ (EES – Entry/Exit System). Со тоа на надворешните граници на Европската Унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјаните што патуваат за краткорочен престој, а се од држави што не се членки на ЕУ.

Кривична пријава против градоначалникот на Струга за „несовесно работење“, незаконски назначил в.д. директор на „Водовод и канализација“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Струга М.Ќ.(65) од с.Биџево, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Мицкоски за најавениот протест: Нe дозволувајте да бидете алатка на партија која живее во минатото

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика кандидатите кои треба да го полагаат правосудниот испит да не дозволат да бидат искористени како алатка во рацете на една опозициска политичка партија „која сѐ уште живее во минатиот век“.

Најнови вести

To top