Македонија

Костадинов сепак нема да се трка како независен кандидат за градоначалник

Јас се повлекувам во тишина, за да создадам нова визија за СДСМ – партија со авторитет, со план, со луѓе кои разбираат стратегија и знаат дека партијата е жив организам, а не штаб за оговарање

Градоначалникот на СДСМ Костадин Костадинов во објава на Фејсбук најави дека нема да се трка како независен кандидат на претстојните локални избори во октомври.

Во новата објава, Костадинов вели дека се повлекува за да се врати достоинството на СДСМ. Тој вели дека на неговите сопартијци од СДСМ им требале неполни 24 часа „да си го покажат лицето“ и дека „пуштаат анкети со лајкови по групи на Фејсбук“.

„Некогаш, за да си ги видиш луѓето околу себе, не треба повеќе од една реченица. Толку е доволно да го прочиташ пулсот.
Да видиш кој што мисли, кој мисли како тебе, кој не мисли воопшто. Да видиш која е вистинската состојба на партијата – има ли таму уште искрени луѓе или само спакувани кариери со фолија за замрзнување.

Кога споменав можност за независна кандидатура – без воопшто да одлучам – мислев дека ќе треба барем две недели за да се охрабрат и најголемите глумци да го покажат лицето. Не. Не им требаа две недели. Им требаа помалку од 24 часа.
Секоја чест на исклучоците – на вистинските другари, чесните, лојалните, тие што навистина сакаат СДСМ да си го врати достоинството.

А раководството? Раководството си донесе одлука – и покрај мое убедливо водство на сите анкети. Но, во обид да го убијат разумот, почнаа да пуштаат анкети на Фесјбук, со лајкови по групи, затоа што веќе не веруваат ни во анкетите што самите ги платиле.
Епа, жално. Со такво раководство, многу е и една општина да се победи.

Не, јас не одам како кандидат. Јас се повлекувам во тишина, за да создадам нова визија за СДСМ – партија со авторитет, со план, со луѓе кои разбираат стратегија и знаат дека партијата е жив организам, а не штаб за оговарање.

И да не се лажеме – не сум политички наивен. Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз. Брзо го загризаа тој наратив, но уште побрзо ќе го голтнат поразот. Мојата стратегија ќе биде јасна – и ќе биде поделена во два дела:

🔸 Првиот – во септември.
🔸 Вториот – по завршување на локалните избори.

До тогаш, правете си анкети по Фејсбук групи. Дури и тоа нека помогне да се победи барем во една општина. Јас ќе останам член со замрзнат статус – додека не ги видам резултатите. После – ќе биде друга песна. На првиот тест, паднавте. Во октомври, играјте повнимателно. Народот не е повеќе глупав. Политиката е игра на мудрите, изгледа и мудрост ѝ фали на партијата.

Со почит, Костадин Костадинов

Политичар кој нема изгубено избори и знае кога е време да се повлече еден чекор, за да се врати достоинството на СДСМ“, вели Костадинов.

Во претходен пост Костадинов се обрати до неговите, како што вели , поранешни другари во партијата:

„До моите ‘другари’ бивши, скриени и сега веројатно платени: Гледам организирана хајка од дел од вас – ботови, дезертери и моментални хероји по задача. Ќе бидам краток. Додека ние, вистински социјалдемократи, водевме крвави битки за државата и за СДСМ, вие чувавте постери од Груевски по шкафови – „за не дај боже“. Затоа попуштете малку со хистеријата, пред да морам да почнам со имиња и примери. Ако не можеме да изградиме партија, ајде барем да останеме луѓе. Секоја чест на исклучоците – нив ги гледам, ги почитувам и ги ценам“.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ предлага уште пет години рок за легализација на бесправно изградените објекти

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, по скратена постапка, за да не останат граѓаните со нерешени статуси за своите домови, поради административни пречки, или бавни процедури.

Нови противпожарни возила за „Јасен“

Специјализирани возила и опрема, вклучително противпожарно возило со голем капацитет за вода, две теренски возила со интегрирани пумпи, возило за интервенции во мала инфраструктура за заштита од пожари (багер со лопата), оптички систем за надзор со долг дострел како и опрема за мали инфраструктурни интервенции

Мафија на лажни просјаци „оперира“ околу Клиничкиот центар во Скопје, предупредува доктор Лазаров

Доктор Ненад Лазаров јавно алармира дека во околината на клиничките установи во Скопје дејствува добро организирана група лица кои се претставуваат како просјаци и лица со инвалидитет, а според него всушност се работи за професионална мрежа што секојдневно прибира значителни суми пари од граѓаните.

Јанева била “Катица за с’е”, велат од ВМРО- ДПМНЕ

СДС, Заев и Спасовски, преку шефицата контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и кои лица ќе бидат опфатени. Обвинители како Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска ги обработувале овие предмети, додека Јанева имала улога на координатор, бидејќи немала експертиза во материјата

To top