Регион

„Доаѓаме: Група блиска со иранските власти му се заканува на Балканот

хакерската група изјави дека нападите врз институциите во Албанија се извршени за да се казни нивната одлука да ја засолнат иранската опозициска група Моџахедин-е-Калк (MEK), позната и како Народна муџахединска организација на Иран

„Наскоро доаѓаме“ и „Ви ги кажавме нашите предупредувања“ – ова се некои од пораките објавени на англиски јазик на 9 и 10 март на каналот наречен „HomeLand Justice“ на платформата Телеграм.

Овој канал претставува група која ја презеде одговорноста за неколку сајбер напади врз институциите на Албанија од 2022 година, пишува Радио Слободна Европа..

Последниот напад се случи во вторник, а целта беше е-поштата на Парламентот на Албанија.

Според анализата на американскиот технолошки гигант Microsoft, „HomeLand Justice“ е поврзана со иранската влада.

Во своите објави на Телеграм, хакерската група изјави дека нападите врз институциите во Албанија се извршени за да се казни нивната одлука да ја засолнат иранската опозициска група Моџахедин-е-Калк (MEK), позната и како Народна муџахединска организација на Иран.

„Кога поддржувате терористи, мора да знаете дека ќе платите цена за тоа, на секој начин“, се вели во една од објавите на групата на 10 март.

Во други објави, групата ги обвинува албанските политичари дека ги следат „наредбите на Американците“ и предупредува дека овој напад е „само врвот на ледениот брег“.

Албанскиот премиер Еди Рама ја поддржа американско-израелската операција против Иран, велејќи дека земјата што ја управува директно се соочила со „варварското лице на режимот во Техеран, преку неговите кибер-агресии“.

Безбедносните експерти беа поделени околу тоа дали присуството на МЕК во Албанија го зголемува ризикот или нема ефект врз можните напади од страна на Иран по почетокот на војната со САД.

Иако Албанија има историја на затегнати односи со Иран, безбедносните експерти сметаат дека по почетокот на војната меѓу САД и Иран, постои одреден ризик и за другите земји.

На почетокот на овој месец беше објавена вест дека иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) ја разгледува можноста за напад врз кампот на Народните муџахедини на Иран (МЕК) во Албанија.

По објавувањето на веста, реагираше нивниот портпарол, Шахријар Киа, отфрлајќи ја можноста за напад врз Албанија, додавајќи дека „новинските извештаи се пропаганда оркестрирана од иранскиот режим“. Според него, дури и од техничка гледна точка, невозможно е ракетите лансирани од Иран да стигнат до Албанија.

Во комплексот Ашраф-3, што се наоѓа во селото Манза, во близина на Драч, од 2013 година се сместени над 3.000 членови на МЕК.

Иранска муџахединска организација со камп од 3000 муџахедини во Албанија стои зад протестите во Иран ?

Најнови вести од: Регион

Вучиќ: Наскоро поднесувам оставка, размислувам за кандидатура за премиер

За три, четири месеци, можеби и порано ќе поднесам оставка. Тоа попладнево за Радио Белград го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ и додаде дека на 27 јуни ќе биде претставена листата на владејачката СНС за претстојните парламентарни избори

Рама објави видео во градник и здолниште, додека граѓаните бараат стоп на проектот на зетот на Трамп (ВИДЕО)

Дополнителни реакции предизвика и однесувањето на Рама на социјалните мрежи, каде сподели видеа генерирани со вештачка интелигенција на кои е прикажан како инфлуенсер на местото на протестите.

Бугарија да се извини за непризнавањето и репресијата врз македонското малцинство

Европската Слободна Алијанса повикува европските институции и меѓународните организации да продолжат со мониторинг и да обезбедат почитување на европските стандарди за човекови права и демократија за македонското малцинство во Бугарија. 

Самоопределување пак победник, но Курти тешко дека ќе може сам да состави влада

Со речиси 100 проценти преброени гласови на последните избори во Косово, ажурираните резултати утрово потврдуваат убедлива победа на Движењето Самоопределување, кое води со 42,92% од гласовите, или 297.296 гласови

To top