Свет

Иран бара „гаранции против идна агресија“ како услов за завршување на војната

САД да ги признаат легитимните права на Иран, да се платат репарации и да се дадат цврсти меѓународни гаранции против идна агресија

 

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан синоќа постави услови за евентуално завршување на војната со Израел и САД, вклучувајќи „цврсти меѓународни гаранции“ што би обезбедиле трајно прекинување на сите напади.

„Во разговорите со лидерите на Русија и Пакистан, ја потврдив посветеноста на Иран на мирот во регионот. Единствениот начин да се заврши оваа војна, која ја започнаа ционистичкиот режим и САД, е да се признаат легитимните права на Иран, да се платат репарации и да се дадат цврсти меѓународни гаранции против идна агресија“, објави иранскиот претседател на X.

Тој не прецизираше на кои права се осврнува.

Набљудувачите на иранската внатрешна политика велат дека Пезешкијан можеби мислел на назначувањето на нов врховен лидер и потребата од меѓународно признавање.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно оваа недела изјави дека „не е задоволен“ од назначувањето на Моџтаба Хамнеи за нов верски водач и шеф на државата на Иран, велејќи дека синот на убиениот Али Хамнеи треба да очекува значителни тешкотии.

Трамп: Ја добивме војната со Иран, но остануваме да ја довршиме работата (ВИДЕО)

 

Најнови вести од: Свет

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

Трамп: Путин по грешка испрати „неколку мали ракети“ во Полска

Трамп изјави дека „не може ништо да стори“ во врска со фактот што полскиот премиер Доналд Туск неодамна јавно изрази револт поради пријателскиот однос на американскиот претседател кон рускиот претседател

To top