Македонија

Костовски го предизвика оџата од Бутел 2: Те чекам како кандидат на ДУИ за 4 години

Ако до тогаш не се распадне ДУИ

Старо новиот градоначалник на општина Бутел Дарко Костовски му фрли ракавица на оџата од Бутел 2 кој што пред локалните избори ги повика граѓаните да не гласаат за Македонец.

Оџата од џамијата во Бутел 2 на петочната молитва пред изборите проповедал верниците да не гласаат за Костовски затоа што е Македонец и сугерирал да гласаат за ДУИ.

За ова Костовски бил информиран од Албанци кои што биле присутни на петочната Џума.

Сега Костовски му предлага на оџата на следните избори да се кандидира за градоначалник.

,,Оџата од Бутел 2 не собра сила да честита за победата. Добро, можеби го погоди големиот пораз па затоа би му предложил нешто.

Тој и така има желба да стане политичар, еве следните избори го чекам него како кандидат на ДУИ во Бутел (ако не се распадне партијата)
Поздрав и добро здравје.
Со почит”, му порача градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, на оџата од Бутел 2.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top