Македонија

Ковачев до „пријателите на Мицкоски“: Бугарија не ве спречува, надминете ја пропагандата од минатото

Нови „лекции“ со стара содржина од бугарскиот европратеник за Македонија, овојпат за „пријателите“ на македонскиот премиер

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев со ново јавно обраќање до официјално Скопје, овојпат до „пријателите на Христијан Мицкоски“, како што рече на онлајн дебатата на тема „Каква е улогата на ЕУ во светската политика“, организирана од Бирото на Европскиот парламент.

„Ако пријателите на Христијан Мицкоски нè гледаат – тоа не е в ред, не треба да се прави така, Бугарија не е пречка на никаков начин. Постои европска рамка, имплементирајте ја за да започнете преговори, ние ќе помогнеме со што можеме, но надминете ја оваа негативна пропаганда што доаѓа од минатото, од комунизмот, како што ја надминавме ние. Немаме ништо против современиот македонски идентитет и современиот македонски јазик, едноставно не сакаме македонските Бугари да бидат репресирани“, рече Ковачев.

Според потпретседателот на ГЕРБ на бившиот бугарски премиер Бојко Борисов, Црна Гора и Албанија напредуваат многу брзо и се очекува да бидат „бирократски подготвени за да бидат следните членки на Европската унија“ што е можно поскоро.

„Тоа е многу демотивирачки за земји како Северна Македонија и Србија, но нивните елити треба да се погледнат себеси и да видат зошто е така – дали некој однадвор – како Бугарија – ги спречува или дали тие самите не сакаат интеграција. Тие треба да се ослободат од товарот на минатото, особено Северна Македонија“, повика тој. „Ние ја сакаме нивната интеграција“.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): „Визер“ ги запира сите летови кон Израел, Дубаи, Абу Даби, Аман и Саудиска Арабија

Од авиокомпанијата додаваат дека патниците ќе бидат навремено информирани за сите очекувани промени. Патниците кои ги резервирале своите билети преку трети страни треба директно да се обратат до агенциите или платформите преку кои ја извршиле резервацијата.

Општините во фокус: Перински повика на партнерска соработка преку Ресурсниот центар

Иако локалната власт е самостојна и има сопствени изворни надлежности и одговорности, преку партнерска соработка и взаемна поддршка можеме да постигнеме многу повеќе. Затоа градиме концепт за синергија на сите расположливи ресурси во државата кои ќе бидат ставени во функција на општините, истакна министерот Перински.

ИНА: Ако продолжи одбивањето на сосопственоста на Албанците врз државата, тие ќе се радикализираат, ќе бараат целосна автономија и ќе се исцртаат границите!

„Ако македонската политичка елита продолжи да го игнорира албанскиот јазик и да отфрла дека и Албанците се сосопственици на оваа држава, тогаш таквото одбивање неодбежно ќе доведе нѐ до поделба, до радикализација на албанските барања и до нивно барање за целосна автономија со исцртани граници.“ – наведува информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ во својот уреднички коментар со наслов „Отфрлањето на албанскиот јазик од страна на Македонците: Тивкото самоубиство на државата, која одбива сосопственост“.

To top