Македонија

Крис Павловски се прости од убиениот Чарли Кирк

Македонецот со проштално обраќање до убиениот активист

Потресен сум до срж и целосно скршен сум од срце, порача сопственикот на видео сервисот Рамбл Крис Павловски по убиството на американскиот активист Чарли Кирк.

Бизнисменот со македонско потекло вели дека Кирк сакал да го направи светот подобар, и го направил тоа.

,,Имав привилегија да го познавам 5 години, и во тој период тој стана не само инвеститор, туку и вистински пријател. Од самиот почеток беше длабоко вклучен. Веруваше во Рамбл затоа што сакаше да се бори за слободата на говорот и стоеше цврсто дури и кога другите се оддалечуваа. Тој беше еден од нашите први инвеститори, помогна да се привлечат повеќе и никогаш не престана да се грижи за мисијата.

Дури и се возеше низ градот со мене за да помогнеме да се најде канцеларијата што ќе стане седиште на Рамбл. Ниеден инвеститор не требаше да го стори тоа, но Чарли го направи тоа. Тоа беше тој: секогаш за правење на вистинската работа, секогаш стоејќи покрај своите пријатели и секогаш подготвен да помогне на големи и мали начини”, порачува Павловски кој е горд што бил пријател со Кирк и е благодарен за сè што направил за него, за Рамбл и за многу други.

,,Неговото наследство ќе продолжи.
Моите молитви се со Ерика, неговите две деца и неговото семејство. Ќе ми недостигаш, Чарли”, објави сопственикот на Рамбл, Крис Павловски, кој има македонско потекло.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

Мицкоски: Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, кои ќе ја засилат економската соработка со Унгарија

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска од Будимпешта порача дека Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, нагласувајќи дека економската соработка со Унгарија има значителен потенцијал за раст.

Најнови вести

To top