Македонија

Кривична пријава против Фрчкоски за злоупотреба на буџетски средства

Поранешниот амбасадор на Македонија при Обединетите нации во Њујорк, Љубомир Данаилов-Фрчкоски, се соочува со кривична пријава поради сомнежи за незаконско користење на државни средства. Според пријавата поднесена вчера, тој, заедно со уште три лица, е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување, дело казниво според член 353 од Кривичниот законик. Фрчковски, во периодот од […]

Поранешниот амбасадор на Македонија при Обединетите нации во Њујорк, Љубомир Данаилов-Фрчкоски, се соочува со кривична пријава поради сомнежи за незаконско користење на државни средства. Според пријавата поднесена вчера, тој, заедно со уште три лица, е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување, дело казниво според член 353 од Кривичниот законик. Фрчковски, во периодот од април 2022 до октомври 2024 година, постапувал спротивно на инструкциите и правилниците на Министерството за надворешни работи и Министерството за финансии. Според пријавата, тој не ја префрлил целата сума од продажбата на заедничкиот сукцесиски објект на СФРЈ во Њујорк кон Буџетот на Република Македонија, задржувајќи 58.721,72 долари на сметката на Мисијата во Њујорк, кои биле потрошени ненаменски. Дополнително, се посочува дека злоупотребите вклучувале:
  • Земање аванси за службени патувања без соодветно оправдување
  • Пречекорување на дозволениот износ за мобилен телефон
  • Дупли и неоправдани плаќања на телефонски сметки
  • Трошоци за репрезентација над дозволените лимити
  • Исплати од касата на мисијата за поправка на службено возило без согласност од МНР
  • Нерасчистено салдо во касата на Мисијата
Оваа кривична пријава против Фрчкоски е во вкупната материјална штета која ѝ е нанесена на државата изнесува 116.576,9 американски долари. Покрај Фрчкоски, пријавени се и Катина Георгиева, Јон Ивановски и Ивана Спиковска. Институциите сега треба да утврдат дали има основ за поведување кривична постапка против осомничените, а јавноста очекува транспарентност и одговорност за злоупотребата на државни средства во странство. „Нека им биде кристално јасно на сите – она ​​што го видов е длабоко загрижувачко. Внимателно ги избирам зборовите, како дипломат, кога го кажувам тоа. Ваквите ситуации не смеат да продолжат да се случуваат, како што се случуваа во последните години. Особено кога доказите укажуваат на штети кои достигнуваат шест цифри во евра. Во оваа фаза, ги споделувам само информациите што ми е дозволено да ги обелоденам, бидејќи процесот сè уште е во тек. Спомнат е терминот „тужба“ и секако, другата страна ќе има право да ги изнесе своите аргументи и докази во таква постапка“, изјави Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и трговија. Извор: Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Samsung Galaxy S26 Серијата и Galaxy Buds4 Серијата сега достапни ширум светот

Galaxy S26 серијата бележи двоцифрен раст во нарачки, додека Galaxy S26 Ultra е избор на 70% од потрошувачите, заедно со Galaxy Buds4 серијата со неверојатен звук.
Во Европа, уредот Galaxy S26 Ultra бележи 20% раст на нарачките на годишно ниво

Министерство за финансии: „Стоп“ за измамите на финансиските друштва за кредити со „нула камата“!

Министерството за финансии на Република Македонија во реализиран надѕор врз работењето на финансиските друштва  констатира одредени измамнички трговски практики, кои се однесуваат, меѓу другото,  на рекламирањето на финансиските услуги и други дејстваа од финансиските друштва, спротивно на Законот за заштита на потрошувачите. „При надзорот констатирани се рекламирања со 0% камата, иако во договорот за кредит биле предвидени други дополнителни трошоци!“ – соопшти ова министерство денес.

To top