Во својство на градоначалник на општина Струга, спротивно од Законот за јавни претпријатија, на 18.11.2025 М.Ќ. донел одлука за именување вршител на должност директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Струга, со која го назначил М.Ј. од Струга, и покрај тоа што знаел дека нема соодветно образование и соодветен сертификат за познавање на англиски јазик и оти не исполнува повеќе услови од Законот јавни претпријатија.
Со тоа му овозможил противправно да оствари парична корист по основ на плата и придонеси како директор на ЈП „Водовод и канализација“-Струга.