Македонија

Кривична пријава против инспектор: Пукање во СВР Струмица откако примил решение за отказ

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава

freepik.com

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција. Пријавата е против А.Б., самостоен инспектор во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поради основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, согласно член 288, став 3, во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Инцидентот се случил на 30 април 2025 година, околу 10:25 часот, во службена просторија во кругот на Секторот за внатрешни работи Струмица. Според пријавата, А.Б., во присуство на повеќе полициски службеници, по примањето и потпишувањето на решението за отстранување од работното место и по наредба од началникот да го предаде службеното оружје, извадил пиштол од бирото, извршил репетирање и испукал куршум кон вратата на метален сеф во просторијата. Со овој чин, тој предизвикал значителна опасност за животот и безбедноста на присутните.

Покрај кривичната пријава, Одделот за внатрешна контрола ќе поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка против А.Б., со мерки што вклучуваат суспензија од работното место до завршување на постапката, одземање на службеното оружје и муницијата, како и задолжителен психијатриски и психолошки преглед.

Најнови вести од: Македонија

Од сега „Визер“ ќе лета за Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и за Базел

Од петте нови линии што започнуваат денескa и утре, Мадрид и Бари се целосно нови дестинации за македонскиот пазар, односно главниот град на Македонија за првпат ќе биде поврзан со шпанската престолнина и со италијанскиот крајбрежен град.

Алиу: Хипербарната комора ќе го подобри лекувањето на хронични рани

Министерот за здравство Азир Алиу заедно со премиерот Христијан Мицкоски, ја посетија Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, каде извршија увид во новоинсталираната хипербарна комора

Јаневска: Не e до квантитот, туку до квалитетот на научните институции

„Експанзијата на академскиот простор донесе квантитет, но не и квалитет. Спроведовме сериозни контроли на високообразовните и научните установи, а резултатот е: затворени 14 приватни научни институти и 1 приватен факултет

Почина Коста Јаневски: Основач на Антена 5 и пионер во македонскиот филм

На 65-годишна возраст, по кратко боледување, почина Коста Јаневски, истакнат филмски работник и еден од основачите и сопствениците на радио Антена 5, чиј придонес во македонската медиумска и културна сфера беше значаен и траен.

To top