Македонија

Кривична против екс-градоначалникот на Сарај

Осум поранешни функционери и службеници во Општина Сарај и Град Скопје, како и еден надзорен инженер, се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување или уништување на деловни книги.

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешниот градоначалник Б.Б на општина Сарај., поранешните секретари на Општината, С.Ш. и Ќ.К., раководителите на сектор за урбанизам А.С. и Ќ.А., помладиот соработник А.Ш., раководителот на сектор за планирање и уредување на просторот во Град Скопје И.Б.Ш., како и надзорниот инженер Љ.Т.

Како што соопшти Управата за финансиска полиција, пријавените се товарат за сторени кривични дела: „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, „Несовесно работење во службата“ по член 353-в и „Фалсификување или уништување на деловни книги“ по член 280 од истиот закон.

„Постојат основи на сомнение дека пријавените лица, вработени во Општина Сарај, иако биле свесни дека за катастарската парцела КП 10405/6 КО Сарај не постои донесен детален урбанистички план, со пречекорување на своите службени овластувања изготвиле и одобриле извод од план и одобрение за градба со невистинита содржина, како и пресметки за надоместок за уредување на градежно земјиште, спротивно на законските прописи,“ стои во соопштението.

Дополнително, како што информираат од Управата, надзорниот инженер извршил технички преглед на објектот и изготвил завршен извештај со невистинита содржина.

„На овој начин, пријавените лица, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластувања, како и несовесно вршејќи ги своите должности, му овозможиле на правниот субјект ‘Азра Идриз’ ДООЕЛ од с. Глумово, Скопје – Сарај, да се стекне со противправна имотна корист во износ од 108.638.840 денари,“ наведуваат од Финансиската полиција.

Најнови вести од: Македонија

Честитки од Муцунски до Маѓар: Ги цениме силните заемни односи и очекуваме да ја продолжиме соработката врз партнерството и заедничката европска иднина!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски му ја честита победата на Петер Маѓар на изборите во Унгарија.

ВМРО ДПМНЕ до Филипче: Нема „тајни бизнис-врски“ со Виктор Орбан и Фидеш, туку само договори Македонија-Унгарија! – Спаси ја СДС од исчезнување и од Заев!

„Венко Филипче, верниот чувар на фотелјата на Зоран Заев во СДС, заедно со неговото ново раководство време е да почнат да живеат тука и сега. Нема никакви тајни бизнис врски со Виктор Орбан и неговата партија. Има официјални државни договори и соработка. Тоа значи договори меѓу Македонија и Унгарија, значи дека има соработка како две држави од ист континент Европа кои соработуваат на повеќе полиња. Филипче, огради се од криминалите на Заев и стави ја СДС на нозе, која ја доведе на раб на исчезнување. Засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави.“ – реагира остро ВМРО ДПМНЕ кон Венко Филипче и СДС.

Туфегџиќ: Јадна е опозицијата, што го врзува опстанокот со Груевски! Тие политички маргиналци и паразити не понудија ништо суштинско за државата!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ реагираше остро кон политичката опозиција, оценувајќи дека е „јадна и очајна“, ако го врзува својото опстанок со  враќањето на Никола Груевски. Според него, можното враќање на Груевски не зависи од домашната политика, туку од, како што вели, „тие што му дале зелено светло да замине“. „За Груевски има кој да мисли, тоа не зависи од нас.“ – посочува Туфегџиќ.

Најнови вести

To top