Македонија

Ќучук побара во Европскиот парламент: „Европските институции сериозно да одговорат на говорот на омраза и непочитувањето на преземените обврски од РСМ“?!

Бугарскиот европратеник и поранешен известувач за Македонија Илхан Ќучук во обраќањето пред Европскиот парламент изнесе тврдење дека е „потребна реакција за опожарувањето бугарски дипломатски возила во Скопје“. Тој побара „сериозен одговор од европските институции“ и се пожали дека „тоа било последица од говорот на омраза и непочитувањето на преземените обврски“ од страна на Македонија.

Ќучук вели дека неговото обраќање „би имало сосема поинаков тек доколку не се случел инцидентот во Скопје“ и категорично го отфрли ставот дека станува збор за изолиран инцидент. „Ако ми кажете дека ова е уште еден криминален акт, сакам да ви одговорам на многу категоричен начин: не, не е. Ова е недозволиво посегнување врз имот на суверена држава – членка на Европската Унија“, истакна Ќучук пред европратениците.

Тој апелираше до Европскиот парламент да не го користи вообичаениот наратив дека „престапот некако ќе биде истражен“, барајќи наместо тоа „јасна и недвосмислена реакција“. Европратеникот се пожали и за „односот кон човековите права во земјата“, наведувајќи дека „прекршувањата во последно време се буткаат под тепих“. Според него, „говорот на омраза има деструктивна моќ“.„Говорот на омраза води кон уште поголема омраза и подлабоки поделби во општеството. Наместо да се градат мостови на соработка во Западен Балкан, се градат сè поголеми ѕидови. Овие тензии, според него, се закануваат да го вратат регионот таму каде што беше во деведесетите години.“ – рече бугарскиот европратеник во Европскиот парламент.

На крајот од своето излагање Ќучук се осврна на политиката на проширување на Европската Унија. Тој ги „поздрави напорите на Европската комисија да ја подигне оваа тема на повисоко ниво“ и ги „ охрабри државите од Западен Балкан да се доближат до ЕУ“.  То вели дека „има јасни услови за тој процес“. „Пристапниот процес мора да се темели на јасно утврдените европски правила. Исполнување на преземените обврски: Државите кандидати мора да ги реализираат ветувањата и договорите. Во спротивно, ќе биде создаден погрешен политички наратив кој ќе има свое длабоко и негативно одразување.“ – тврдеше Ќучук.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top