Македонија

Куновска: Лидерот Филипче, не потпишал пристапница за СДСМ

„Јас ви тврдам дека Венко Филипче никогаш не потпишал пристапница во СДСМ. Венко Филипче беше потписник на контрапленумот, за време на Шарената револуција, Венко Филипче беше советник на Нино Тодоров, немојте да ме убедувате дека Нино Тодоров викаше социјалдемократи да му бидат советници“, изјави Софија Куновска, поранешен член на СДСМ во синоќешното гостување на во […]

„Јас ви тврдам дека Венко Филипче никогаш не потпишал пристапница во СДСМ. Венко Филипче беше потписник на контрапленумот, за време на Шарената револуција, Венко Филипче беше советник на Нино Тодоров, немојте да ме убедувате дека Нино Тодоров викаше социјалдемократи да му бидат советници“, изјави Софија Куновска, поранешен член на СДСМ во синоќешното гостување на во „Само вистина“ на „Канал 5“.

Таа зборуваше за тоа зошто ја напуштила партијата но и за актуелното раководство и политики на СДСМ.

Според неа, не се исполнети обврските од статутот од страна на раководителите на партијата, а кои се се предвидени да бидат исполнети за раководството.

Тврди дека никој, вклучувајќи го и Венко Филипче, кој е актуелен претседател на партијата, не ги исоплнуваат условите.

„СДСМ не го почитува сопствениот статут. Како од политичка партија која што не го почитува сопствениот статут да очекувате дека ќе почитува било што друго?“, прашува Куновска.“

Таа рече дека и актуелните потпретседатели на партијата,  исто како лидерот, не исполнуваат услови да бидат потпретседатели или заменик на претседатели на СДСМ:

„Да не ги набројувам другите. Ана Чупеска, Фани Каранфилова, Каја Шукова, не исполнуваат услови да бидат потпретседатели или заменик-претседател на СДСМ. Статутот дури и не можете да го најдете на страницата на СДСМ веќе“, рече Куновска.

Нагласи дека откако Зоран Заев ја презел функцијата претседател на СДСМ, „критичната маса во партијата сосема и не постои“, пренесе Фактор

Најнови вести од: Македонија

Сашко Кедев се повлекува од комисијата во Министерството за здраство поради застој во контролите за непотребни интервенции

Министерот за здравство не ја потврди причината за повлекувањето на Кедев и не даде коментар за наводите за застојот во контролите или за составот на комисијата.

ТИТАН Усје: Повеќе од еден месец сме цел на неосновани напади – не сме причина за загадувањето и фактите го потврдуваат тоа

Целосно неаргументирано и тенденциозно продолжува нападот кон нашата компанија. Овие напади, покрај тоа што не се базирани на аргументи, се и во насока на извртување на вистината. ТИТАН Усје како транспарента компанија, во интерес на вистината потенцира дека целосно ја разбира загриженоста за квалитетот на воздухот, но тенденциозните и неаргументирани обвинувања не придонесуваат ниту малку […]

To top