Македонија

Квалитетот на воздухот во Трубарево во рамки на дозволените граници

Досегашните резултати од мерењата покажуваат дека сите просечни вредности за масена концентрација на честичките PM₁₀ се движат во рамките на законски дозволените граници и досега не е регистрирано надминување на утврдените прагови, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

Министерството за животна средина и просторно планирање, преку податоците добиени од автоматските мерни станици на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, ја информира јавноста за состојбата со квалитетот на амбиентниот воздух во населбата Трубарево.

Според добиените мерења за суспендираните честички со големина до 10 микрометри (PM₁₀):

  • просечната дневна концентрација во текот на вчерашниот ден изнесувала 19.7 µg/m³,
  • максималната измерена вредност достигнала 39 µg/m³,
  • моменталната концентрација изнесува 7.5 µg/m³.

Досегашните резултати од мерењата покажуваат дека сите просечни вредности за масена концентрација на PM₁₀ се движат во рамките на законски дозволените граници и досега не е регистрирано надминување на утврдените прагови.

Министерството останува посветено на транспарентно информирање на јавноста и редовно следење на состојбата со квалитетот на воздухот, со цел заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Увид на лице место по пожарот во објектот на Ф-групацијата за третирање на опасен отпад во Трубарево извршија обвинителството и МВР. Со заштитна опрема, надлежниот обвинител во друштво со експерти и екипи на МВР беа на локацијата, а се снимаше и фотографираше со дронови. Увидот треба да даде одговор за причините за пожарот и колку и каков отпад имало складирано на локацијата.

  • „Со оглед на затрупувањето на локацијата од безбедносни причини, увидните дејствија на терен се отежнати. По наредба на јавен обвинител, локацијата ќе остане обезбедена и во наредниот период за потребите на постапката. Таму ќе продолжат да се вршат дополнителни мерења на загадувањето од Министерството за животна средина, а на терен ќе излезе и вешто лице од областа на екологијата“, соопшти обвинителството. 

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

To top