Македонија

„Лајм“: Нов удар за Националната алијанса за интеграција и ДУИ во Чаир – ги напушти кандидатот за советник Енис Фазли, кој прејде во Вреди!

Од коалицијата Вреди им порачаа и на „другите, кои се на погрешната страна“, во опозициската коалиција Национална алијанса за интеграција на ДУИ и Али Ахмети, да го следат примерот на Енис Фазли и да дојдат и тие во Вреди.

„Опозициската коалиција Национална алијанса за интеграција и ДУИ претрпеа уште еден удар во Чаир. Деновиве нив ги напушти Енис Фазли. кој се наоѓаше на нивната кандидатска листа за советници за локалните избори во општина Чаир.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“.

Во својата информација со наслов „Националната алијанса за интеграција и ДУИ добија уште еден удар во Чаир“ весникот ја пренесува објавата на Муса Арифи од коалицијата Вреди и истакнува: „Добредојде во Вреди. Имаш лесна нога, Енис, ајде по тебе да тргнат и другите, кои се на погрешната страна!“ – напиша Муса Арифи од Вреди на фејсбук.

Инаку се очекува Вреди, како политичка сила што обединува, да оствари плебисцитарна победа на локалните избори на 19 октомври 2025 година. – објави „Лајм“.

Најнови вести од: Македонија

Заев и Филипче да кажат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година

Мицкоски: Цената на дизелот ќе се намали за 2,5, на бензинот за 1,5 денари

цената за евросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, за евросупер 98 – 84 денари, а дизел годивото ќе се точи за 95,5 денари, а во овие цени не се пресметани поспустите од 2 односно 3 денари што ги обезбедува Окта за своите коминтенти

To top