Македонија

Лефков до Филипче: Ајде заедно да побараме гаранции од ЕУ

Дека, по евентуални уставни измени, Македонија нема да биде блокирана поради билатерални прашања

Откако лидерот на СДСМ Венко Филипче, предложи Собранието со уставните измени да го внесе бугарското малцинство во уставот, како услов за продолжување на патот кон ЕУ, од владејачката партија стигна конта-предлог.

Говорејќи од име на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Миле Лефков во интервју за ТВ 24 изнесе предлог до СДСМ и Филипче.

„Еве ви контра-понуда, ајде заедно да се обединиме и да побараме гаранции од ЕУ дека по евентуални уставни измени, Македонија нема да биде блокирана поради билатерални прашања. Можеби ако имаме заедничка позиција може да издејствуваме подобри гаранции. Пренесете му го тоа на Филипче како контра-понуда од нас“,  изјави за 24 Анализа Лефков.

 Лефков, зборувајќи за евроинтегративниот пат на Македонија, оцени дека нападите на опозицијата и на Венко Филипче постепено паѓаат во вода, обвинувајќи ја претходната власт дека со своите политики ја довела државата во ќор-сокак во однос на билатералните прашања и евроинтегративниот процес.

„Сите напади на опозицијата и на Венко Филипче постепено една по една паѓаат во вода, не може тој истиот лидер на опозицијата кој честитајќи ја владата на нашите соседи од истокот на бугарската влада да ја напаѓа својата влада, тој истиот денеска да подава рака кога едно билатерално прашање немајќи консензус и немајќи разговори стана наш проблем и ќор сокак по којшто за жал сме втурнати заради политиките на СДС и оние коишто ја водеа надворешната политика“, рече Лефков.

Лефков истакна дека понудите од страна на опозицијата се лицемерни и дека позициите на Владата во врска со евроинтегративниот пат се аргументирани и поддржани од народот со цел процесот да се води достоинствено и без понижувања.

Филипче го повика Мицкоски заедно да ги стават Бугарите во Уставот и да ја поделат одговорноста! Сигурен е дека „нема да се случи ништо со нашиот идентитет и јазик“!?

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

To top