Македонија

Лекарите во „Пирогов“ не смеат да дадат лажна дијагноза за Ива Михаилова

Ќе го издржи ли политичкиот притисок за Михаилова престижната бугарска болница која помагаше со настраданите од Кочани?

Софиската универзитетска болница „Пирогов“, чии лекари високо професионално се грижеа за настраданите од Кочани во минатите случаи, сега е во фокусот на вниманието поради случајот на Ива Михаилова.

Младата жена од Кочани, која има двојно бугарско и македонско државјанство, неодамна пристигна во Бугарија и е хоспитализирана во неврохируршката клиника на „Пирогов“, каде што се вршат детални прегледи за утврдување на нејзината актуелна здравствена состојба.

 

Проблемот што се наметнува за болницата е што постои ризик некои кругови да очекуваат или да се обидат да извршат политички притисок врз бугарските лекари за да дадат лажна или изменета дијагноза.

 

Меѓутоа, токму високиот професионализам на лекарите во „Пирогов“ го прави тоа практично невозможно.

Бугарските специјалисти не смеат да прифатат било каков политички притисок, ниту можат да лажат за состојбата на Михаилова.

 

Клучниот аргумент е едноставен и непобитен. Колегите во Скопје располагаат со снимки од компјутерски томографии и магнетна резонанца на кои јасно се гледа дали станува збор за параплегија или тетраплегија. Овие објективни медицински докази веќе постојат и се познати.

Секој евентуална обид за манипулација на дијагнозата во Софија би била веднаш разобличена од постојната документација што би било срам за престижната болница.

Ива Михаилова, според достапните податоци, има сериозни повреди на ’рбетниот столб – скршеници на пршлени L4 и L5 – кои предизвикале невролошки компликации, вклучувајќи делумна параплегија. По повеќе од една година и десетици прегледи во Македонија, таа избега од земјава затоа што  според нејзините адвокати, не може целосно да се обезбеди медицински третман во земјата.

Зошто Михаилова избега пред доаѓање на бугарски лекари во Скопје како што бараше претседателката Јотова, засега не е јасно.

Во „Пирогов“ сега се очекуваат независни, објективни и строго медицински заклучоци. Лекарите таму имаат репутација на висока професионална етика и не дозволуваат политиката да влезе во дијагностичкиот процес. Секој обид да се притисне врз нив би бил не само неетички, туку и лесно докажлив како неуспешен – токму поради постоењето на снимките и наодите од Скопје.

Случајот на Ива Михаилова останува и медицински и правно чувствителен. Но една работа е сигурна: бугарските лекари во „Пирогов“ треба да ја дијагностицираат реалноста, а не политичките желби. Професионализмот и постојните медицински докази го гарантираат тоа.

Во бугарски медицински кругови се шпекулира со компромисно решение кое нема да предизвика дополнителни тензии: Михаилова да остане на долги прегледи и опсервација без ,,Пирогов” да дава прецизна дијагноза.

Најнови вести од: Македонија

ФУЕН бара поддршка од МАЕИ за спроведување на Резолуцијата за Македонците во Албанија од 19.9.2026

Со оваа резолуција официјално се бара Владата на Република Албанија да ја потпише и да ја ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици, да им овозможи на припадниците на македонското малцинство слободно да се изјаснуваат и да преземе ефективни мерки против какви било надворешни политички притисоци, насочени кон негирање или асимилација на македонскиот идентитет. Покрај тоа, се бара општина Пустец да остане посебна единица на локална самоуправа и во рамките на новата реформа да не претрпи територијални промени, односно да не се спојува со други општини.

Сиљановска Давкова: Токму театарот нè учи да погледнеме подалеку од разликите

Ја повтори минатогодишната желба – детскиот театар конечно да добие пристоен дом, каков што заслужуваат неговите талентирани и вредни станари и нивните најчести и најверни гости- децата! 

To top