Македонија

Лидерот на ЗНАМ го повика Венко Филипче на тв дуел

Покана за тв дуел

Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ, денеска изјави дека во последните денови добива „стотици пораки од наши членови и поддржувачи, луѓе кои се повикуваат на разговори, на ‘предупредувања’, на притисоци“, сето тоа под директива на Венко Филипче и раководството на СДСМ.

– „Наместо визија, тие нудат страв. Наместо идеи – уцени. Наместо дебата – хајка. Но, јас ви ветувам и оттука јасно ви порачувам, овие тактики ќе ве поразат, но нема да ја поразат Македонија. Нема да успеете! ЗНАМ не се плаши. Нашите членови не се плашат. Македонија нема да се плаши! Секој обид за заплашување само ја зајакнува нашата борба. А тоа е Вашиот страв, затоа што знаете дека народот повее не ви верува, дека ЗНАМ расте, а вашиот систем се распаѓа“ – рече Димитриевски.

Тој додаде дека пред една недела го повикал лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на ТВ-дуел, „не заради мене, не заради партија, туку заради Македонија“.

– „Да ги соочиме аргументите, да зборуваме отворено, пред народот, за она што ни е најсвето – нашата држава, нашиот идентитет, нашата иднина. Седум дена поминаа од тогаш. Седум дена молк. Седум дена тишина – таму каде што требаше да има храброст. И тоа кажува сè. Затоа што, кога ќе молчиш за вистината – молчиш и за Македонија. А ние, во Движењето ЗНАМ, нема да молчиме. Нашата должност е да зборуваме, да предупредуваме и да браниме“ – рече тој.

Димитриевски истакна дека пред извесен период ЗНАМ ја претставила Националната платформа за заштита на македонските национални интереси пред сите политички партии.

– „Во неа не ставивме партиски интереси, туку историја, чест и иднина. Крушевскиот манифест, АСНОМ, нашата вековна борба за држава и за јазик – тоа се темелите на Македонија што ја сакаме. Таа платформа ја испративме со почит, со надеж дека ќе биде почитувана. Но, господата од СДСМ ни ја вратија – неотворена. Не ја прочитаа. Не ја допреа. Не ја почувствуваа. И истите тие се дрзнуваат зборуваат за ‘црвени линии’. А линиите што тие ги влечат – се линии на поделби, на отстапки, на целосно распродавање на македонските интереси“ – рече тој.

Тој продолжи: – „Јас не сум човек што молчи, јас сум човек што го сака својот народ и својата татковина“. Потоа повторно го повика Филипче на дуел: – „Излези, соочи се, зборувај пред народот! Избери медиум, избери време, избери место! Како помош и логистика земи го со тебе и твојот ментор Зоран Заев. Дури ако сакаш може да се соочиме и на Бихаќка – биди опкружен и со 200 партиски активисти околу тебе – од кои најголемиот дел секојдневно вртат кај нас во ЗНАМ и бараат спас од вашите небулозни чекори“.

Димитриевски додаде: – „Знам дека е тешко да се излезе од луксузот во кој живееш, лесно е да се ужива под сонцето на Дубаи, да се возат мотори и да се плови на јахти, но Венко, има нешто поважно од сето тоа. Овојпат не се работи за комфор и забава, овој пат станува збор за Македонија! Одважи се, покажи доблест, излези и погледни му на народот во очи! Јас ќе те очекувам со вистината, со документи, со љубов кон оваа земја. Да му покажеме на народот кој има визија за Македонија, а кој само пласира туѓи сценарија! Не барам конфликт, барам одговорност. Одговорност пред историјата, пред граѓаните и пред идните генерации“.

Тој порача: – „Немаме резервна татковина. Оваа земја – нашата земја, ја наследивме со жртви, со крв и со борба! Нашата должност е да ја чуваме, да ја надградуваме и да ја оставиме подобра на нашите деца. Македонија, почитувани, не е збор. Македонија е чувство. Македонија е погледот на секој граѓанин што плаче под знамето. Македонија е секој човек што верува дека оваа земја може подобро. И додека има луѓе што ја чувствуваат така – нема да исчезне, нема да се предаде, нема да се продаде. Ние во ЗНАМ нема да дозволиме никој повеќе да ја гази таа љубов. Ќе ја браниме Македонија со разум, со срце и со визија. Ќе ја браниме со работа, со чесност и со обединетост. Ова е нашата земја. Ова е нашето време. Ова е нашата должност. Да ја чуваме Македонија, да ја издигнеме Македонија, да ја направиме држава со која ќе се гордеат и нашите предци и нашите деца“.

Најнови вести од: Македонија

Пумпите дадоа „зелено светло“ за поевтинување на горивата за 2, па и за 3 денари по литар

Економската фела, коментирајќи ги предлозите за привремено укинување или намалување на акцизите, велат станува збор за мерка која може да се разгледа, но со голема претпазливост. Искуствата на земјите од ЕУ велат дека таквата мерка покажала дека какво било привремено укинување на фискалните или на парафискалните давачки носи многу краткорочни резултати, кои на долг рок не се покажале доволно ефикасни.

Уставен суд: Со невистините за Законот за употреба на јазиците Пендаровски влијае врз сликата за правниот поредок и институционалниот интегритет на државата!

Реакција на Уставниот суд на Република Македонија во врска со изјавата на поранешниот претседател Стево Пендаровски во врска со предметот, во кој е оспорен Законот за употреба на јазиците

Подарок кој ја слави вашата моќ: Во месецот на жената, изберете иновација која ве инспирира

Март, месецот во кој се слави жената е секогаш убаво потсетување дека заслужуваме нешта кои не само што ни го олеснуваат денот, туку и нè инспирираат да бидеме најдобрата верзија од себе.

ОМО „Илинден“ – Пирин: Стојан Георгиев-Томовичин го посвети сиот живот да победи правото да биде Македонец – 88 години од раѓањето

На денешен ден, на 18 март пред 88 години се роди Стојан Георгиев – Томовичин, една од најбележитите личности во поновата историја на Пиринска Македонија. Целиот свој живот го посвети, за да победи правото да биде Македонец, но и правата и достоинството на Македонците во Бугарија. Поради ова лежел двапати по 4 години во бугарските затвори во времето на комунизмот. Тој е еден од основачите на ОМО „Илинден“ во 1990 година и нејзин прв претседател. Ова го објави денес ОМО „Илинден“ – Пирин на својот официјален фејсбук-профил.

Ѓукановиќ од СНП: Бугарските стремежи кон Македонија можат да бидат дел од судир на Балканот!

Владимир Ѓукановиќ, дел од раководството на владејачката Српска напредна партија (СПП) предупредува на „можен судир на Балканот“ и „создавање воен сојуз меѓу Загреб, Приштина и Тирана, на кој во одреден момент би можела да му се придружи и Бугарија со нејзините стремежи и амбиции за Македонија и југоисточна Србија, во зависност од тоа кој е на власт во Бугарија“.

Собранието го избра Ненад Савески како нов државен обвинител – Николоски истакна дека тој ќе треба да се избори за правдата во Македонија!

„На Македонија ѝ се потребни правда и владеење на правото. Ѝ треба јасно отворање и постапување по случаите, кои ќе ја подобрат сликата за државата и обвинителско-правосудниот систем.“ – нагласи вицепремиерот Александар Николоски денес на собраниската седница пред да биде избран Ненад Савески како нов државен јавен обвинител, предложен од Владата. За него Николоски истакна дека е професионалец, докажан во својата работа и, како што нагласи, без ниедна дамка во својата професионална кариера.

Најнови вести

To top