Македонија

Лимани од АА на Таравари и градоначалник на Гостивар ја суспендира директорката на „Комуналец“ Асани и „ќе презема мерки“ – три дена по загадувањето на водата!

Валбон Лимани, градоначалникот на општината, дури сега го активира Кризниот штаб и ја суспендира Артана Асани, директорката на „Комуналец“, нагласувајќи на прес-конференција: „Не чувствувам морална одговорност.“

Цели три дена по забраната на Агенцијата за храна и ветеринарство за пиење на гостиварската вода и илјадници заболени од тоа, Валбон Лимани како градоначалник и Советот на општината ќе дискурираат на „вонредна седница“, за да преземаат мерки“

„Кризниот штаб е активиран и ќе има телефонски број, на кој граѓаните може да се обратат за помош и снабдување со вода за пиење. Ова се дел од мерките, што Општина Гостивар ќе ги спроведува од денес.“ – соопшти градоначалникот Валбон Лимани денес на прес-конференција во Гостивар.  „На мој предлог веќе е активиран кризниот штаб од нашата Општина и набргу ќе заседава. Ќе дава и препораки, но и помош на сите граѓани што имаат потреба од тоа.“ – дополни тој.

Лимани информира дека за донесување одлуки и мерки ќе се расправа на „вонредната седница“ на Советот на општината, „за да им се помогне граѓаните што имаат потреба и кои се затекнати од оваа ситуација“. „Општината ќе објави официјален телефонски број, на кој граѓаните што не може да излезат да земат вода ќе се јават и со мобилни екипи ќе им се доставува до нивните домови.“ – рече градоначалникот. Вонредната седница општинскиот Совет ја закажа за 15 часот.

Гостиварскиот градоначалник напомна дека локалната самоуправа е во координација со сите релевантни институции и соработуваат, како што посочи, „за да се дознае вистината“. „По објавување на резултатите веднаш ќе почнеме со активности, за дезинфекција и прочистување на водоводната мрежа и засилени контроли, за да се обезбеди пристап до здрава вода што е можно побргу.“ – рече Лимани. На новинарско прашање за преземањето одговорност за настаната состојба, градоначалникот Лимани напомена дека „не чувствува морална одговорност“ и оти „како мерка ја суспендирал директорката на ЈП ‘Комуналец“, но и „дел од раководството одговорно за водоводот“.

„Во контакт сум со директорката на ЈП ‘Комуналец“ и со раководството. Тие моментно се суспендирани од функциите. Денес ги очекуваме резултатите и врз основа на тоа ќе постапиме. Не сакам никој однапред да ја преземе вината, но не сакам ниту како било да се попречи работата на надлежните органи. Јас не чувствувам морална одговорност, затоа што јавното претпријатие е правно лице кое менаџира. Ако беше поинаку, секако првата оставка ќе дојдеше од моја страна.“ – тврдеше Лимани.

Лимани искажа благодарност до сите компании поединци, кои деновиве се ангажираа за да се надмине недостигот на вода за пиење, но не ја спомена големата помош на Владата на Република Македонија. На локалните избори Лимани беше избран како градоначалник на Гостивар со гласовите на ДУИ, на Алијансата за Албанците на Арбен Таравари и на СДСМ на Венко Филипче

Најнови вести од: Македонија

Минчев: Крај на неоправданото ширење на државниот апарат: дирекции и комисии постоеа сами за себе, трошеа народни пари, а не одговараа пред никого!

„Повеќе од 20 години јавната администрација беше свесно распарчувана и претворана во мозаик од институционални феуди. Секоја политичка криза, секој партиски договор во минатото, се плаќаше со создавање нови агенции, паралелни дирекции и непотребни комисии, кои постоеа сами за себе, трошеа народни пари, а не одговараа пред никого. Граѓаните и стопанството со години беа туркани во лавиринти од преклопени надлежности, каде што секој орган креваше раменици, а никој не ја преземаше одговорноста за лошите резултати” – предупреди министерот за јавна администрација Горан Минчев на јавна стручна дискусија во Скопје.

Градоначалникот на Аеродром Митески објави несовесна граѓанка како создава незаконска депонија, оставајќи стар мебел до контејнери

„Ова не е невнимание. Ова е неодговорност! Среде бел ден, на само неколку метри од контејнерите, се остава стар мебел и се создава нова дива депонија.“ – истакна на својот фејсбук-профил градоначалникот на Аеродром Дејан Митески, објавувајќи и фотографии на граѓанка од Аеродром, која други граѓани ја затекнале како остава стар мебел во близина на контејнери за смет, па потоа ја пријавиле.

ВМРО ДПМНЕ: Дипломатската способност на СДС и Филипче ја паметиме по домат дипломатијата, руските пранкери и лажниот принц, со кого Заев имаше средба

„Се јавија од партијата, чиј поранешен претседател и духовен гуру на Филипче, Заев, имаше средба со Стефан Чернетиќ од Торонто, кој лажно се претставувал како принц на Македонија и Црна Гора. Толку од дипломатската способност на Заев и Филипче.“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Клековски денеска се вакцинира против сезонски грип: Ги повикувам граѓаните да се пријават час поскоро за бесплатната вакцинација

„Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра и најефикасна мерка за спречување на ова заболување. Токму затоа денеска со личен пример укажав на важноста од навремената заштита на здравјето, посебно кај оние групи на население, кои се изложени на опасност. Вакцинацијата докажано спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход од сезонскиот грип.“ – нагласи министерот за здравство Сашо Клековски.

To top